ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

January 16, 2026 13:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Елизабета СЕКИРАРСКА

Застанавме вчера ние двајцата меѓу луѓето пред УЈП. Немаме свои блиски кои заминале во борбата за подобар живот. Но тука сме. За нив. Огорчени се, лути и разочарани – и со право.

Не можеме ние двајцата да го смениме неслухот и безобразието кон овие луѓе.

Не можеме многу да придонесеме со тоа што ќе стоиме со нив и заради нив, но можеме да им дадеме поддршка, да им покажеме дека ги разбираме и го осудуваме ова што им се случува.

Имам деца надвор, речиси веќе сите ние имаме.

Она што ги врзува нашите деца и овие луѓе е сепак истиот мотив – потрага по достоинство, потрага по можности, потрага по шанси. Барем заради тоа, треба да ги поддржиме.

Гревот на овие луѓе е голем: се вратија дома, во амбиент кој го осудува тоа што се вратија богати, пред сè.

Тоа што поминале години далеку од семејството и тоа што го пропуштиле растот и зреењето на сопствените деца, тоа што подрачјата во кои биле, сепак носеле ризик кој се мери и со живот, не е тоа што оваа средина може да го види. Да го разбере фактот дека се вратиле и со себе го донеле спечаленото. Тука го трошат. Да го оправда, пак, воопшто.

Ќе речам вака: ги гледаме луѓето вчера. Нивните лица. Некои се уште млади. Некои се мои некогашни ученици. Болна, трогателна насмевка во знак на разбирање. Некои во средни години. Некои постари. Генерално, никој веќе не е млад и животот им се чита на лицата. Свират. Викаат. Се борат против институционалната глувост. Залудно, се чини. Луѓето поминуваат, воглавном игнорирајќи ги.

Настојувањето на институциите ми е јасно: државата сега мора да најде пари по секоја цена и веќе не се бираат начини, извори и постапки, до ниво на невидено игнорирање и упорност, маестрално облечени во закон и ред, кои ете, морале да бидат почитувани.

Ок. Тоа се вика Дефиниција за формати на институционално однесување, кога ножот во телото на оваа тажна почва е до коска, па сè е дозволено и оправдано, нели. Ама баш сè.

Проблемот е подлабок, сепак: овде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил.

Затоа читаме коментари од кои може само да ти се споврати – злоба, завист и сеир.

Затоа се и сами овие луѓе во својата битка. Затоа што не сфаќаме дека и ние се гледаме на нивните лица. Утре можеби и нам ќе ни треба поддршка, во битките кои нас ќе не засегнат.

Затоа треба да застанеме со нив.

И не само со нив.

Нашиот одраз треба да можеме да го видиме и на лицата на кутрите родители од Кочани, чијшто ужас полека се заборава и останува само нивен, за жал.

На лицето на парталавата жена која буричка во контејнерот, на чичкото кој го брои ситнежот на каса, стискајќи со го ќесето со леб и паштета. На луѓето застанати во редица за социјална помош.

На лицето на сите оние кои не живеат живот кој заслужува така да се нарече. Но да, тешко е тоа кога толку ќе се инвестира во човечкото онечовечување и во поделбите од кои не се здогледува едноставниот факт: нештата се менуваат како километри патишта нанапред, ако секој од нас ги изоди личните сантиметри со чиста мисла и срце.

Не сопнувајќи го другиот, затоа што не умееме да изодиме како него.

Дотогаш, тука ќе сме и такви какви што сме, заглавени и неспособни да создадеме убост.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторката
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Викенд хороскоп со Анаис - 17 и 18 јануари

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk