ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

12: Предлог – уредбата на ДПМНЕ на штета на осигурениците, џиновски папучи советуваат „седете дома“

Блок актуелни вести од 09 до 12 часот.

April 15, 2020 11:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Влада: Предлог Уредбата на ВМРО-ДПМНЕ е на штета на осигурениците, неодговорно е да се манипулира со средствата на граѓаните. Уредбата со законска сила за ограничување на преносот на придонесот за задолжително и капитално финансиско пензиско осигурување којашто на денешната седница ја предложи ВМРО-ДПМНЕ преку својот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев е на штета на осигурениците и од тие причини Владата не ја прифаќа, известуваат од Владата на република Северна Македонија.

СДСМ: Апицирањето за финансиска поддршка од 14.500 денари брзо и едноставно. Мерката за финансиска поддршка на работодавачите од 14.500 месечно по вработен, ќе помогне да се спасат 250 илјади работни места и ќе им помогне на над 35 илјади компании.

МЗ: Хроничните пациенти со ревматски заболувања да бидат во домашна самоизолација. Во однос на здравствената сотојба на основното ревматско заболување, на овие пациенти Министерството за здравство им препорачува да консултираат матичен лекар и специјалист ревматолог кој им ја следи состојбата.

Обвинителен предлог за „Убиство на миг”, против 22-годишник од скопкото село Буковиќ.

Инсталација на скопски плоштад: Џиновски домашни папучи вè потсетуваат да седите дома.

На таблата пишува: Седете дома. Без непотребно движење и непотребни контакти. Социјалната изолација е најдобра превенција“.

Ова е само една во низата инсталации кои на креативен и забавен начин ѝм посочуваат на граѓаните, колку е важно да се почитуваат мерките за превенција од корона вирусот.

Витаминка донира за лицата со нетипичен развој. Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.

Харвард: Социјалното дистанцирање во САД би можело да трае до 2022 година. Тие сметаат дека карантинот ќе треба делумно да продолжи, освен ако наскоро не се открие вакцина против коронавирусот, или барем додека не се утврди дека луѓето кои закрепнале од оваа болест развиле имунитет за што засега нема докази.

Речиси полoвина милион оздравени, а повеќе од 2 милиони вкупно заразени од КОВИД-19 во светот. Во целиот свет 484,747 лица целосно оздравеле од корона вирусот, а од кога се појави вирусот, вкупниот број на заразени лица од Ковид-19 денеска надмина два милиони.

„Виолина и филм“ – вечерва онлајн-концерт на Пламенка Трајковска. „За нас музичарите оваа ситуација е тешка, но не заради тоа што немаме време да им се посветиме на своите инструменти. Напротив. Го имаме целото време да вежбаме и да креираме музички проекти. Меѓутоа она што навистина ни недостасува е комуникацијата со публиката. Со сцената од која се одвива таа неопходна за уметноста комуникација со неа“, вели Трајковска“.

Ѕвоната на Нотр Дам ќе заѕвонат на годишнината од пожарот. Активностите на градилиштето за обнова на храмот по пожарот, се запрени поради корона-пандемијата.

Трамп го прекина финансирањето на СЗО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СЗО и ФАО: Доколку се почитуваат препораките, вработените во маркетите не би требало да ја загадат храната

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

October 5, 2025
фото: Скриншот од Флајтрадар

Инцидент со балони го прекина воздушниот сообраќај во литванската престолнина

October 5, 2025

Србија се сеќава на 5 октомври: 25 години од падот на Милошевиќ

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk