ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ: Кога Обвинителството ќе реагира за 161 тендер за една и 52 тендери за друга фирма?

February 3, 2026 17:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) прашува кога Јавното обвинителство ќе реагира за, како што наведуваат, серијата сомнителни и милионски тендери поврзани со актуелната власт, посочувајќи дека поминале повеќе од 50 дена од објавувањето на, како што велат, скандалите со криминални јавни набавки, без институционална реакција.

„Поминаа повеќе од 50 дена од објавата на скандалите со криминални тендери. Обвинителството и натаму молчи пред очигледни и алармантни податоци за сомнителни јавни набавки“, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата наведуваат конкретни бројки за кои, според нив, нема одговор од надлежните институции.
„161 тендер за една фирма. 52 тендери за друга фирма. 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени. 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, се вели во соопштението.

СДСМ прашува како е можно истите компании да добиваат милионски јавни набавки, додека обвинителството, како што оценуваат, останува без реакција.
„Како е можно едни исти фирми да добиваат милионски тендери, а обвинителството да молчи?“, наведуваат од партијата.

Според СДСМ, институционалниот молк испраќа загрижувачка порака до јавноста.
„Молкот испраќа порака дека за криминалите на власта законите не важат, а институциите се неми и под целосна контрола“, се истакнува во соопштението.

Во реакцијата, од СДСМ директно ја посочуваат одговорноста на премиерот Христијан Мицкоски.
„Очигледно затоа Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции – судството, обвинителството – и не само што му се под контрола, туку им дели и задачи од собраниската говорница“, наведуваат од партијата.

Од СДСМ прашуваат дали на јавноста сега ѝ е јасна, како што велат, „борбата против корупцијата“ што ја најавува власта.
„Дали сега на сите им е јасна неговата ‘борба’ против корупцијата?“, прашуваат од СДСМ.

Партијата порачува дека ќе продолжи со притисокот и објавувањето на информации.
„СДСМ ќе ја продолжи борбата против криминалот и корупцијата на власта“, се наведува во соопштението.

Next Post

Митева: Усвоена е Програмата за работа на Владата за 2026 година, која јасно ги дефинира приоритетите и визијата за развојот на државата

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk