ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Гласниот молк на власта за пет тони дрога покажува дека скандалот води до врвот

February 10, 2026 13:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од десет дена по објавувањето на, како што го нарекуваат, најголемиот нарко-скандал во регионот – заплената на пет тони дрога во Србија која, според наводите, потекнува од Македонија – од власта сè уште нема одговори, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција.

„И после десет дена нема одговори – како пет тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница и кој ќе одговара за тоа“, изјави Кузеска.

Според неа, молкот на институциите не е случајност, туку, како што рече, јасен индикатор дека скандалот води до врвот на власта и дека постои обид за негово заташкување.

„Јасно е дека без поддршка и логистика на структури во власта, во Министерството за внатрешни работи, во Царината и во други институции, ваква шверцерска операција не би била возможна“, нагласи таа.

Кузеска посочи дека во медиумите се појавиле информации оти камионите со дрогата биле пломбирани, што, доколку е точно, отвора, како што рече, дополнителни прашања за тоа кои институции биле вклучени.

„Секоја стока што ја минува границата мора да биде тарифирана со соодветни тарифни броеви. Ако на овој начин била пренесена дрогата, тоа значи дека биле користени други тарифни броеви, што упатува на организирана група директно поврзана со повеќе институции“, рече Кузеска.

Таа оцени дека станува збор за „скандал од огромни размери“ кој, според СДСМ, го разоткрива длабокиот криминал на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски.

„Овој случај мора целосно да биде расчистен“, порача таа.

Кузеска се повика и на неофицијални информации објавени во српските медиуми, според кои обвинителствата во Србија и во Македонија добиле клучни податоци од DEA.

„Очајните обиди со медиумска кампања да се дефокусира вниманието на граѓаните од овој скандал нема да поминат“, додаде таа.

СДСМ, како што рече Кузеска, бара итна, независна и транспарентна истрага која ќе утврди кој е вмешан и кој дозволил пет тони дрога да поминат преку македонската граница, како и дали лицето по име Симе, кое јавноста го виде на фотографии со Мицкоски, е дел од оваа мрежа.

„Ова нема лесно да заврши. Вистината ќе излезе на виделина, а одговорност ќе има – за сите, без исклучок“, порача Кузеска.

Прочитајте и…

Мицкоски не би се изненадил ако се дојде и до 100 тони запленета марихуана, СДСМ бара одговор за 5 тони што поминале граница

Next Post

Ставре Јада со симболичен настап на ЗОИ 2026

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk