ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во земјава досега направени 10.000 тестови за Ковид-19, најмногу во регионот

Околу 3.000 тестови има направено само во Скопје, а 10.000 вкупно во државата, што не е малку на милион жители.

April 15, 2020 19:46
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со досега направените 10.000 тестирања на Ковид-19, земјава е лидер на Балканот. Пред нас е само Словенија, вели директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери.

Во вечерашното гостување на Топ тема, Зибери истакна дека ќе биде потребна потемелна студија за да се докаже дали првиот случај на корона вирусот сме го имале уште во јануари, многу пред почетокот на пандемијата.

– Земјава е лидер на Балканот по однос на тестирањето ако се земат предвид Хрватска, Албанија, Бугарија, Србија. Само Словенија е пред нас, а со Хрватска имаме речиси иста бројка. Околу 3.000 тестови имаме направено само во Скопје, а 10.000 вкупно во државата, што не е малку на милион жители. Не сум убеден дека бројките од Бугарија се релевантни. Со Албанија сме тука со бројот на жители, но тие имаат 4.000 тестови, истакна Зибери.

Во однос на прашањето кој е принципот на правањето тестови, директорот е дециден дека се оди по протокол што важи за сите пациенти. Притоа, не може да се каже дека тестот е 100 отсто точен или сигурен, но се покажа дека грешките се минимални.

– Секој се тестира вторпат откако ќе поминат 14 дена од првото тестирање. За излечен, пак, се смета оној што ќе даде негативен резултат на двата теста кои се прават последоватлено во рок од 48 часа. Ова е протокол кој се однесува на сите, напомена Зибери.

Директорот дополни и дека, според расположливите податоци, периодов 17.000 лица се водени како пациенти заболени од сезонски грип.

– Ќе дојде време кога ќе се направат анализи дали коронавирусот бил присутен кај нас уште во јануари, односно пред пандемијата. Сега е приоритет да се помине актуелната алармантна ситуација, а потоа ќе се направат по сеопфатни анализи, рече Зибери.

Директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски, пак, рече дека заштитна опрема има доволно. До 14 април се набавени 48.100 заштитни маски, 230.000 пара ракавици и околу 3.000 скафандери, а ако е потребно, средствата што веќе биле планирани за нешто сосема друго, ќе се пренаменат.

Исјановски информира и дека за 45 дена со БСЖ се вакцинирани 3.348 деца. Како што рече, веројатно родителите токму во оваа ситуација со коронавирусот сфатиле колку е потребна и значајна вакцината.

Во однос на систематските прегледи, нагласи дека ќе се извршуваат во поликлиниката МВР, при што на лицата им се даваат маска и ракавици.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

Дуковски: Казната е превисока, Судот не ги ценеше во доволна мера искреното каење и личноста на сторителот

May 13, 2025

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk