ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Заедно во болката, силни во поддршката“ – апел до медиумите за одговорно известување за Кочани

March 15, 2026 09:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ И КАТАСТРОФИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на годишнината од трагичниот настан во Кочани, Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Скопје, во соработка со Општина Кочани, Здружението „16 март – Кочани“ и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од трагедијата, упатија апел до медиумите и медиумските работници да известуваат со високо ниво на професионалност и без сензационализам.

Во соопштението се наведува дека трагичните настани бараат посебна етичка одговорност, а известувањето треба да биде насочено кон заштита на достоинството на жртвите и нивните семејства, како и кон избегнување дополнителни трауми за заедницата.

Повик за медиумска солидарност со заедницата

Организаторите ги повикуваат медиумите да известуваат внимателно и со почит кон сите што ја носат болката од трагедијата што се случи пред една година.

„Токму поради тоа што трагичните настани бараат посебен степен на професионалност и етичка одговорност, известувањата од настаните во Кочани треба да бидат во насока на заштита на достоинството на жртвите и нивните семејства и без дополнителни трауми на заедницата“, се наведува во апелот.

Активностите се одвиваат под заедничкото мото „Заедно во болката, силни во поддршката“, со цел медиумите да ја покажат својата улога како важен општествен сојузник во процесот на колективно заздравување и поддршка на заедницата.

Поддршка од УНДП за психолошка помош на семејствата

Организаторите нагласуваат дека целта е медиумскиот пристап кон ваквите трагични настани да се трансформира – наместо сензационализам, известувањето да биде базирано на почит, солидарност и поддршка.

Активностите се реализираат со поддршка на УНДП, како дел од проектот „Психолошка поддршка на семејства погодени од трагедијата во Општина Кочани“, кој го спроведува Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Скопје.

Next Post

(ВИДЕО) Бране Петрушевски и ден по протестите на работниците со обвинувања: ССМ и СДСМ се едно исто

Shortcut

Најново

Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk