ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Од денес станувате соучесници во секој следен напад на секоја следна жртва“ – Зајкова по одбивањето на мерката за електронски нараквици

Пратениците повторно го одбија предлогот за следење на насилници - „Без збор. Без аргумент. Без срам“

March 18, 2026 14:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Станувате соучесници во секој следен напад, во секоја следна жртва“ – ова е пораката што претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, ја упати до пратениците од парламентарното мнозинство, откако по втор пат беше одбиен предлогот за воведување електронски нараквици за следење на насилниците.

Во објава на социјалните мрежи, таа остро реагира дека наместо превенција, мнозинството избрало „соучесништво во насилството“.

Според неа, одбивањето на оваа мерка претставува директно откажување од системска заштита на жртвите на насилство.

„Без збор. Без аргумент. Без срам“, наведува претседателката на ЛДП, потенцирајќи дека електронските нараквици не се казнена, туку превентивна мерка која може да спаси животи и да спречи идни напади.

Во својата реакција, Зајкова оди чекор подалеку, обвинувајќи дека одлуката на пратениците ги прави директно одговорни за идни случаи на насилство.

„Од денес станувате соучесници во секоја следна жртва, во системот кој овозможува макар и една жена да живее во страв“, стои во објавата.

Реакцијата на Моника Зајкова следи откако денеска пратеничкото мнозинство повторно не даде поддршка за воведување електронски нараквици за сторители на семејно насилство, предлог поднесен од Зајкова. Со само 27 гласа „за“ од вкупно 97 регистрирани пратеници, мерката не беше усвоена, оставајќи го отворено прашањето за конкретните механизми за превенција и заштита на жртвите.

Одбивањето на предлогот повторно ја отвора дебатата за тоа дали институциите преземаат доволно мерки за спречување на насилството, особено врз жените, и дали постојниот систем нуди ефективна заштита.

Прашањето за електронските нараквици како алатка за контрола и превенција останува отворено, додека јавноста и политичките актери сè почесто бараат конкретни решенија наместо декларативна поддршка.

Ј. Ѓ.

Tags: електронски нараквициМоника Зајковасемејно насилство
Next Post

„Ниту една држава не може да просперира со сиромашни работници“ – ITUC и ССМ со пораки до Владата

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk