ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Цените на нафтата и гасот „летаат“ по ракетните напади на Иран врз клучната енергетска инфраструктура на Блискиот Исток

March 19, 2026 11:48
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата „Брент“ денеска пораснаа на повеќе од 114 долари за барел, а европските цени на гасот скокнаа за 30 отсто на тригодишен максимум откако Иран почна напади врз клучната енергетска инфраструктура на Блискиот Исток.

Цената на суровата нафта во 9.30 часот порасна на 97,189 долари за барел, а цената на нафтата „Брент“ за 6,45 отсто на 114,187 долари. Европските фјучерси на гас за април на отворањето на амстердамската берза ТТФ се продаваа за цена од 69,5 евра за мегават-час, а во еден момент надминаа и 70,8 евра.

Иран изврши ракетни напади врз катарскиот индустриски град Рас Лафан, комплекс во кој се наоѓа најголемата фабрика за извоз на течен природен гас (ЛНГ), а Катар пренесе дека нападите нанеле голема штета, пренесе Си-ен-би-си. Акцијата следуваше по предупредувањето од Техеран за напади врз енергетските постројки во Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати откога Израел бомбардира постројка за преработка на природен гас во Иран.

Абу Даби исто така ја прекина работата на своите гасни постројки „Хабшан“ откога пресретнатите ракети предизвикаа паѓање остатоци, а ЛНГ-инфраструктурата во Бахреин наводно е погодена со тешки ракетни напади.

Европските индекси се главно во пад, а инвеститорите ги очекуваат одлуките на Банката на Англија и на Европската централна банка за каматните стапки, со прогноза дека двете банки најверојатно ќе ги задржат каматите на исто ниво поради големата неизвесност за глобалната економија предизвикана од војната на Блискиот Исток.

Индексот на франкфуртската берза DAX во 9.30 часот падна за 2,06 отсто, на 23.020,50 поени, францускиот CAC 40 за 1,55 отсто, на 7.841,47 поени, британскиот FTSE 100 за 1,55 отсто, на 10.145,75 поени, а московскиот MOEX порасна за 0,53 отсто, на 2.886,56 поени.

Цената на златото падна на 4.729,34 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 6,0581 долари за бушел. Вредноста на еврото во однос на доларот на валутната берза Форекс изнесува 1,14545 долар, што е за 0,02 отсто повеќе отколку на почетокот на тргувањето.

Според податоците од американските берзи, вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones на затворањето на тргувањето во средата падна за 1,63 отсто, на 46.225,15 поени, S&P 500 за 1,36 отсто, на 6.624,70 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,46 отсто, на 22.152,42 поени.

 

Next Post
плата, кошничка, работнички живот

Синдикалната минимална кошница за еден месец порасна за 436 денари, достигна 67.818 денари во март

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk