ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Европратениците загрижени за позадинските причини за рестриктивните мерки во Србија

Hеколкумина граѓани се веќе приведени за кршење на строгите мерки за време на полицискиот час, додека вистинската причина за апсењето е критика на владината политика.

April 16, 2020 13:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Група од дваесет и еден европратеник испрати писмо до комесарот за проширување Оливер Вархели во врска со „исклучително загрижувачка состојба со човековите права во Србија“.

Во писмото, во кое имала увид Радио телевизија Црна Гора, се забележува дека српскиот претседател Александар Вучиќ прогласил вонредна состојба во врска со пандемијата на Ковид-19, за која е „неизвесно кога ќе заврши“

Групата пратеници оценуваат дека оваа „сериозна и несразмерна мерка“ ги ограничува човековите права, очигледно не со цел да се сузбие ширењето на Ковид-19, туку со цел да се спречи слободата на изразување и движење.

Како резултат, се тврди во писмото, неколкумина граѓани се веќе приведени за кршење на строгите мерки за време на полицискиот час, додека вистинската причина за апсењето е критика на владината политика.

Пратениците, исто така, во писмото наведуваат дека српската Влада сака целосна контрола врз медиумите со цел да се емитуваат само филтрирани информации, претежно лажни, како и клевети против ЕУ.

„Поради силно противење, Владата ја отповика оваа контроверзна одлука, која беше искористена како изговор за апсење на новинарка“, се посочува во писмото, кое во името на европратениците го потпишува унгарскиот пратеник Атила Ара-Ковач.

Тие потсетуваат и на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „европска солидарност не постои, и дека таа е само бајка на хартија“, а пратениците исто така забележуваат дека „во меѓувреме продолжува и спектакуларен дослух со Москва и Пекинг“.

Војската е распоредена во болници, мерка што, според пратениците, е компатибилна со воена состојба, но не и со пандемија. Исто така, се вели, дека голема загриженост предизвикува што вонредната состојба е прогласена без заседавање на парламентот.

Групата пратеници, меѓу кои и Тонино Пицула и Тања Фајон, го прашуваат комесарот Вархели за тоа каков е ставот на ЕУ во врска со официјалните изјави на Белград против ЕУ, како и што планира да направи Европската комисија за „екстремните мерки“  преземени од рпската влада, но не само со зборови, туку и со дела.

Тие го прашуваат Вархели и какви политички чекори препорачува Европската комисија кога станува збор за изгледите на Србија како кандидатка за членство во ЕУ, во случај нејзината Влада да одбие да ги отповика репресивните мерки и целосно да ги почитува заедничките европски вредности. 

Next Post

15: Градоначалникот на Куманово позитивен на Ковид 19, Спасовски, Филипче, Османи и Адеми во самоизолација, ЕУ ѝ се извини на Италија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk