ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Транспарентен избор или партиска директива? Ристоски на чело на МРТ, Филипче реагира: „Пријател на Мицкоски е директор на јавниот сервис“

April 24, 2026 14:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Ристоски е избран за нов директор на Македонската радио-телевизија во постапка која Програмскиот совет ја оцени како транспарентна и базирана на квалитетот на понудената програма, но овој избор веднаш предизвика остри политички реакции. Додека од Советот на јавниот сервис тврдат дека гласањето било анонимно и професионално, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини за целосна партизација, нарекувајќи го именувањето на Ристоски „последен дел од мозаикот на заробена држава“ и инсталирање на близок пријател на премиерот на чело на националниот сервис.

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија вчера соопшти дека во постапка спроведена согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за нов директор на МРТ е избран Зоран Ристоски.

Како што наведуваат од Програмскиот совет, во постапката биле разгледани вкупно шест кандидатури, при што изборот бил направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа. Гласањето се одвивало анонимно, со доставување на програмите под шифра, без увид во идентитетот на кандидатите.

„По утврдувањето на најдобро оценетата програма, беше отворен ковертот со идентитетот на кандидатот, по што беше извршена проверка на исполнувањето на законските услови и комплетноста на доставената документација. Во таа насока, Програмскиот совет нагласува дека се темели исклучиво на квалитетот на понудената програма и исполнувањето на законските критериуми“, се вели во соопштението.

Од Програмскиот совет наведуваат дека процесот бил целосно транспарентен и спроведен во согласност со законските и институционалните стандарди, со цел да се обезбеди легитимен и кредибилен избор на раководната позиција во јавниот сервис.

Тие посочуваат дека од новоизбраниот директор очекуваат одговорно и професионално извршување на функцијата, со фокус на унапредување на јавниот сервис и неговата програмска понуда.

„Очекуваме новоизбраниот директор да ја извршува функцијата одговорно и професионално, во насока на зајакнување на улогата на Македонската радио-телевизија како јавен сервис од особен јавен интерес, унапредување на програмските содржини и подобрување на условите за работа на вработените. Програмскиот совет ќе продолжи внимателно да ја следи работата на раководството и да дејствува во согласност со своите законски надлежности, во интерес на јавноста и развојот на јавниот сервис“, стои во соопштението.

Филипче: Пријател на Мицкоски за директор на МТВ е последниот дел од мозаикот на заробена држава

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на поставувањето на нов директор на Македонска телевизија, оценувајќи дека тоа е „последниот сегмент во мозаикот на заробена држава“ што го гради власта на Христијан Мицкоски.

„Ова е последниот дел од мозаикот на заробена држава во која институциите не им служат на граѓаните, туку на една партија и еден човек. Новиот директор на МТВ е последниот сегмент во тој мозаик. Тотален анонимус, човек без професионален бекграунд не може да го води МТВ. Националниот сервис треба да биде независна институција. Не раководена од човек кој што слепо ќе извршува насоки и директиви од премиерот и дополнително е личен негов пријател. Повторно, ова е нешто што го нема никаде во Европа“, посочи Филипче.

Во своето обраќање, тој го поврза овој потег со поширок систем на партизација и контрола врз институциите, споредувајќи го со периодот до 2016 година.

„Ако целокупниот механизам на владеење е имитација на системот со кој владееше Никола Груевски, кога сите институции беа узурпирани од партиски и блиски луѓе – сега гледаме ист систем. Обвинители, судии, институции – под директен притисок“, рече Филипче.

Tags: директорЗоран РистоскиМицкоскиМТВФилипче
Next Post

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

Најново

Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

Транспарентен избор или партиска директива? Ристоски на чело на МРТ, Филипче реагира: „Пријател на Мицкоски е директор на јавниот сервис“

April 24, 2026

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

April 24, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk