ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦИВИЛ: Профитот не вреди колку животот

April 28, 2026 11:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

СКОПЈЕ, 28 април 2026 – По повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, ЦИВИЛ – Центар за слобода упати повик до институциите, работодавачите и граѓанското општество за итно унапредување на стандардите за заштита на работниците, со посебен фокус на менталното здравје и психосоцијалната безбедност.

Во своето соопштение, ЦИВИЛ нагласува дека работничките права, во чии рамки спаѓа и заштитата на здравјето, животот и достоинството на работничките и работниците, претставуваат нераздвоен дел од корпусот на основните човекови права и демократските вредности на едно општество. Не постои функционална демократија таму каде што работникот е изложен на страв, несигурност или опасности по неговиот физички и ментален интегритет.

„Податоците се немилосрдни. Со 31 жртва и вкупно 132 несреќи на работното место во изминатата година, јасно е дека безбедносните протоколи често се само на хартија. Посебно загрижувачка е состојбата со неформалната економија, каде што над 94.000 наши сограѓани работат без никаква правна или здравствена заштита“, велат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ бара од државата да воведе строг надзор врз спроведувањето на Законот за безбедност и здравје при работа и итно усогласување со новите ЕУ директиви за заштита од психосоцијални ризици.

„Безбедноста на работа не е луксуз, туку законска и морална обврска. ЦИВИЛ нема да молчи пред системот кој дозволува профитот да биде поважен од човечкото достоинство и живот“, се вели во соопштението на оваа организација за човекови права и слободи, основана во 1999 година.

Тие истакнуваат дека организацијата останува на првата линија во одбрана на човековото достоинство, ги осудува сите форми на експлоатација и се залага за општество во кое трудот се вреднува, а човекот се почитува.

Д. Е.

Next Post

Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk