Министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриевска, по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции, излезе со шокантно тврдење дека во следните 10 до 15 години се очекува банкрот на околу десетина големи европски држави. Таа истакна дека ваквите црни сценарија се базираат на проекции од меѓународните финансиски институции.
Кочоска Димитриевска ја спореди оваа загрижувачка состојба во Европа со економската слика во земјава, оценувајќи дека Македонија се наоѓа во многу подобра и постабилна позиција.
„Нашите луѓе кои живеат низ Европа гледаат каква е состојбата, што не можеме да кажеме за нас. Ние сме поздравени и од страна на ММФ и од страна на Светска банка“, порача министерката за финансии, алудирајќи на поддршката што актуелните економски политики ја добиваат од клучните меѓународни фактори.







