ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филков за протестите за правосудниот испит: Познавањето на македонскиот јазик е законска обврска, а не дискриминација

May 19, 2026 15:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Министерство за правда

Фото: Министерство за правда

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда, Игор Филков, излезе со остра реакција по повод протестите на кои се бара можност за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Според него, овие случувања претставуваат обид полагањето на испитот да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација.

Во својата писмена реакција, Филков децидно наведува дека правосудниот испит е прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок, а не на политика. Тој ги оцени обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација како „опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок“.

„Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем“, потенцира министерот, додавајќи дека е недозволиво чувствителни прашања што го засегаат правниот систем да се користат за собирање дневно-политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Осврнувајќи се на самите случувања на улиците, министерот укажува дека правото на протест е демократско, но нагласува дека никој нема право „преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството“. Испитот, како што вели тој, се спроведува исклучиво според важечките закони, а не под притисоци од улица.

На крајот од соопштението, Филков порачува дека Министерството за правда останува отворено за аргументиран институционален дијалог. Сепак, тој е категоричен дека нема да се дозволи девалвација на правосудниот систем ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста.

„Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата“, заклучува министерот за правда.

Next Post

„Фолтин“ слави 30 години од првиот концерт: Промовирано јубилејно лого дизајнирано од Зоран Кардула

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk