ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
    Генерирано со ВИ

    ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

    „Гугл“ ги претстави моделите „Џемини 3.5 Флеш“ и „Омни“ за симулација на физичкиот свет

    Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

    Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    Добрила и Дориан го промовираат својот трет албум „Wind To Blow“, концертната премиера закажана на ОФФест

    Италијанска музичко-поетска вечер во Филхармонија на „Скопје брас фестивал“

    Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис за 20 мај 2026: Стабилни темели и стратешка претпазливост

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    Четири града во трка за организација на Евровизија во Бугарија

    ​„Студентарија“ алармира: Студентите во реновираните домови ќе плаќаат поскапо сместување

    Фуркан Салиу: За две години власта ја врати меѓуетничката омраза и го блокираше патот кон ЕУ

    Нина Ангеловска ја објави својата прва книга „Ништо случајно“: Отворено за бизнисот, политиката и мајчинството

    „Фолтин“ слави 30 години од првиот концерт: Промовирано јубилејно лого дизајнирано од Зоран Кардула

    Фото: Министерство за правда

    Филков за протестите за правосудниот испит: Познавањето на македонскиот јазик е законска обврска, а не дискриминација

    (ВИДЕО) Филипче: Повиците на Мицкоски за наводно единство се лажни и лицемерни, не го интересира државата

    Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

    (ВИДЕО) Маѓар ѝ го прикажа на јавноста владиниот луксуз на Орбан: Декаденција во стилот на Чаушеску

    Убиство во џамија во Сан Диего. Фото Скриншот, Видео Би-Би-Си

    (ВИДЕО) Смртоносен напад во џамија во Сан Диего: Тројца убиени, напаѓачите тинејџери пронајдени мртви

    Мицкоски: Да се обединиме за државните и националните интереси, ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината

    Средба Пешевска – Али: Здравствениот систем клучен во препознавањето на насилството врз жените

  • ПОЛИТИКА

    Филипче: Какво лицемерие, може цела Влада со бугарски државјани, ама не може малцинства во Уставот

    Љутков најавува пари од игрите на среќа само за филм и туризам, а ја остава културата на маргините, обвинува СДСМ

    Филипче: Ова блокирање на државата е со умисла

    Николоски: Хрватска усвои закон за долгорочни визи за професионалните возачи

    Лукаревска: Семејствата сами се борат за лекови, СДСМ предлага проширување на позитивната листа

    Талески: Општините да овозможат бесплатно паркирање за семејства на деца со аутизам

    Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

    Тренчевска: Ранливите категории на граѓани се најпогодени од кризата, СДСМ бара финансиска поддршка

    Фото: Влада

    Мицкоски, Касами и Меџити бараат решение за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

    Седумнаесетти мај 2015 година не се случи сам од себе, не падна од небо

    Филипче објави Фронт за вистина и правда!

  • ФРОНТ
    • All
    • ESPRESSO
    • FRONTACTION
    • ВО ЕДНО
    • ТРИЧКОВСКИ

    Дали „кризната состојба“ е механизам за спас или легален бајпас за тендери во четири очи?

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Звукот на привикнувањето

    Македонија е избришана од агендата на ЕУ

    Венко Филипче и Зоран Заев на прослава на 35-от роденден на СДСМ (фото извор: ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Илустрација Фронтлајн

    Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Ако падне Орбан – кој ќе падне со него?

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

    Охридскиот рамковен договор не е компромис – туку темел

    Наследена болка: Кога децата маршираат за истите права како нивните родители

    Насмевки, ракувања и војна

    Не со децении, Мицкоски може да чека и цел век

    Удобната неутралност и отсуството на смисла за хумор

    БРТ Скопје: Проект на Шилегов и СДСМ што беше блокиран, па „реанимиран“ од ВМРО-ДПМНЕ

    Мисија Брисел: Како да немаш напредок, а да звучиш како да имаш

    Тестот со патката: Кога некој звучи како Кремљ

  • ОПШТЕСТВО

    Фото: Ангел Ангеловски

    Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието да не легитимира здруженија што шират теории на заговор и морална паника

    НВО сектор: Македонија станува сè поопасно место за жените, системот потфрла по новиот фемицид во Битола

    Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

    Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

    Скопје со активности во знакот на Европа

    Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

    Распишан конкурсот за државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

    „Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

    Граѓанскиот сектор вклучен „само колку да се кажe“ во работната група за Изборниот законик

    Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

    20 години без одлука: 100% воен инвалид без дом, државата знае – не решава

    „Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

    Илустрација Фронтајн

    Од денеска целосно оперативен ЕЕС системот за влез во ЕУ: Што треба да знаат патниците и возачите?

    Илустрација Фронтајн

    НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ЕУ: Од 10 април започнува дигиталната евиденција на границите (EES)

    Барселона настапи со дресови дизајнирани од уметница со Даунов синдром

    Синодот на МПЦ – ОА го разреши г. Петар и го назначи епископот Никола за митрополит во Австралија и Нов Зеланд

    „Заедно во болката, силни во поддршката“ – апел до медиумите за одговорно известување за Кочани

    Светски ден за подигнување на свеста за ХПВ: Превенцијата е клучна во борбата против карциномот

  • СВЕТ

    (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

    Фото: илустрација Фронтлајн

    Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

    Фото: Скриншот, видео Јутјуб Индипендент

    (ВИДЕО) Кралски говор во Британија: Владата на Стармер предлага 37 нови закони за економски раст и национална безбедност

    (ВИДЕО) Шпанија и СЗО прогласија „успех“: Заврши евакуацијата на крузерот поради хантавирус

    Илустрација Фронтлајн

    Трамп жестоко удри и по Фокс Њуз: Ова е причината зошто МАГА републиканците ве мразат

  • ЕКОНОМИЈА
    • All
    • БИЗНИС

    „Лидл“ најавува нови вработувања и ги открива досегашните инвестиции: Извозот на македонски производи лани достигнал 15,5 милиони евра преку нивната мрежа

    ВЛЕН: Обезбедени 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и индустријата

    Мицкоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до првиот квартал на 2027, инвестирани се повеќе од една милијарда евра

    Битиќи: За две години јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра

    АСОМ бара итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

    Мицкоски на Македонија 2025: Успешно ги менаџираме работите во државата, шест квартали по ред имаме 3,5 проценти реален раст на БДП

    Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид – Кичево влегуваат во последната финална фаза

    Фото: Министерство за транспорт

    Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

    Фото: МИА

    Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

    Фото: ССМ

    Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

    Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

    Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

    Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

    Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

    Кочоска Димитриевска: Десетина големи европски држави ќе банкротираат, ние добиваме пофалби од ММФ и Светска банка

    Фото ССМ

    ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

    Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

    Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА

    Васил Хаџиманов и неговиот бенд специјални гости на големиот концерт на Архангел

    Извонреден настап на хорот „Драган Шуплевски“ на престижниот фестивал „Universitas Cantat“ во Полска

    Три нови македонски драми избрани за „Драмолетање 2.0“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

  • СПОРТ

    Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    Фото: ВИ

    ​„МБАПЕ ОДИ СИ!“: 30 милиони навивачи бараат негово заминување од Реал Мадрид!

    ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

    Зисовска Апостолска: Нема врвен резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови учесници

    Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    (ВИДЕО) Дивац искрено, зошто не го избрал Лука Дончиќ на драфтот

    ФФМ. Фото: Б. Јордановска

    МВР со детали за апсењето на поранешниот претседател на ФФМ Муамед Сејдини

    Фото: Генерирано со ВИ

    Ден на одлука во Премиер лигата: Може ли Арсенал да го издржи притисокот на „Етихад“?

    Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    (ВИДЕО) Салах заминува од Ливерпул на крајот од сезоната

Home ФРОНТ

Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

May 20, 2026 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА
Претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода
Главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА

Кои едноставни, разумни и веднаш применливи чекори може да ги преземат властите, институциите и големите компании за да ја олеснат тешката економска и социјална положба на граѓанките и граѓаните во оваа и онака сиромашна земја?

Прашањето не е теоретско. Не е ни идеолошко. Тоа е прашање на секојдневно преживување. Луѓето сѐ потешко ги плаќаат сметките, сѐ почесто одложуваат лекарски прегледи, се задолжуваат за основни потреби, стравуваат од извршители, од исклучување струја, вода, телефон или интернет, од губење на покривот над главата. Семејствата кратат од храна, лекови, образование, греење, превоз… И достоинство.

Во оваа тешка состојба во која се наоѓа огромен дел од населението, државата не смее да се однесува како бездушните римски публикани, а големите компании не смеат да се однесуваат како да живеат надвор од општеството од кое заработуваат. Кога луѓето се притиснати до ѕид, секоја такса, секоја камата, секој рок, секоја казна и секоја сметка станува политичко, економско и морално прашање.

Затоа, ова не е повик за милостина. Ова е повик за минимум разум, одговорност и солидарност. Властите, институциите и компаниите имаат простор да направат многу и тоа можат да го сторат брзо, конкретно и без пи-ар спектакли, затоа што тоа им е работа.

ЗДРАВСТВО И ФАРМАЦИЈА

Власта мора целосно да ги субвенционира основните здравствени услуги за граѓаните (со нула партиципација!) особено за луѓето со ниски примања, хронично болните, пензионерите, децата, самохраните родители и невработените. Здравјето не смее да биде луксуз во една социјална држава. Никој не смее да одложува лекарски преглед, терапија, лабораториска анализа или дијагностика затоа што нема пари. Државата мора да обезбеди здравствена заштита што е навистина достапна, а не само формално загарантирана на хартија.

Истото мора да важи и за лековите. Државата треба да ги субвенционира неопходните лекови, особено за социјално ранливите граѓани и за луѓето со хронични заболувања. За оние што секој месец избираат меѓу основни прехранбени продукти, сметки и здравје, лекувањето мора да биде бесплатно. Здравјето не смее да зависи од тоа дали некој има пари во џебот на денот кога ќе се разболи.

Систем што ги тера сиромашните луѓе да избираат меѓу леб и лекови не е здравствен систем, туку механизам на сурова социјална неправда.

СТУДЕНТИ

Власта мора итно да го подобри студентскиот стандард. Студентите треба да бидат сместени во хотелски и други соодветни капацитети, на државен трошок, додека се санираат и реновираат студентските домови, како што побара ЦИВИЛ во соопштението објавено на 13 мај, на кое буквално никој не реагираше.

Појавата на стаорци, недостигот на топла вода, нефункционалните лифтови, доцнењето на стипендиите и неодговорниот однос на институциите не се изолирани инциденти, туку слика на системска негрижа кон младите луѓе. Дали навистина мора посебно да се објаснува дека студентите не смеат да живеат во небезбедни, нехигиенски и недостоинствени услови?

Надлежните мора веднаш да објават конкретни рокови за санација, јасен план за реновирање, јавен увид во трошоците и навремена исплата на стипендиите. Студентскиот стандард не е споредна ставка во буџетот, туку инвестиција во иднината на земјата. Држава што бара од младите да останат, да учат и да ја градат иднината овде, мора прво да им обезбеди минимум достоинство денес.

РАБОТНИЧКИ ПРАВА, ОДГОВОРНОСТ И СОЛИДАРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

Особено големите даватели на услуги, можат да покажат одговорност и солидарност со своите корисници. Телефонските оператори, интернет-провајдерите, електроенергетските и водоводните компании можат да ги намалат цените на услугите, да ги продолжат роковите за плаќање на заостанатите сметки и да не наплатуваат повторно приклучување. Во време на сиромаштија, исклучувањето од основни услуги не смее да биде првата реакција.

Компаниите треба да преземат вистински чекори кон општествена одговорност. Тоа значи да ги помагаат граѓанските организации, независните медиуми и јавниот интерес искрено, без калкулации, без политички филтри и без дискриминација. Општествената одговорност не е украс во годишен извештај, туку конкретна поддршка таму каде што е најпотребна.

Компаниите, особено поголемите, треба да покажат почит и одговорност кон своите вработени: редовна исплата на плати, почитување на работничките права, фер договори, флексибилност за родители и луѓе со здравствени проблеми, како и поддршка за најниско платените работници. Профитот не смее да се создава на сметка на здравјето и достоинството на работниците.

ЦЕНИ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ

Супермаркетите треба да покажат воздржаност и одговорност: да не ги зголемуваат цените без реална причина и, секогаш кога е можно, да обезбедуваат попусти. Државата, пак, треба да ја намали и замрзне цената на основните прехранбени продукти, како и на продуктите за нега и исхрана на бебињата.

Посебно треба да се внимава на производите што секојдневно ги купуваат речиси сите домаќинства: леб, млеко, масло, брашно, јајца, ориз, тестенини, месо, зеленчук, овошје, основни хигиенски производи, средства за чистење, пелени, бебешка храна и други неопходни производи. Тие не смеат да бидат простор за тивко профитерство врз грбот на луѓето што и онака едвај го крпат семејниот буџет.

Ако трговските синџири можат секојдневно да водат сложени маркетинг-кампањи, програми за лојалност, акции и попусти за производи што не се неопходни, тогаш можат да обезбедат и вистински, редовни и јасно видливи попусти за основните производи. Попустот на луксузен производ не му помага на сиромашното семејство. Попустот на леб, млеко, пелени, масло или лек му помага веднаш.

Државата треба да воведе редовен мониторинг на цените и маржите за основните производи, со јавни податоци и со санкции за злоупотреби, лажни попусти и неоправдано зголемување на цените. Замрзнувањето или ограничувањето на цените не смее да биде хаотична, краткотрајна и медиумска мерка, туку дел од внимателно осмислена заштита на животниот стандард.

Во исто време, мора да се внимава мерките да не ги погодат малите продавници и локалните производители повеќе од големите трговски синџири. Одговорноста мора да биде најголема таму каде што е најголема пазарната моќ. Големите маркети и дистрибутери имаат простор да апсорбираат дел од товарот. Сиромашните граѓани и малите продавници го немаат тој простор.

АКЦИЗИ

Власта треба вистински да ги намали акцизите за горивата, а не тоа да го претвора во маркетиншка порака без реален ефект врз граѓаните. Горивата влијаат врз цените на транспортот, храната, услугите и речиси сите трошоци во секојдневниот живот.

Кога горивата се скапи, поскапува превозот до работа, до училиште, до факултет, до лекар. Поскапува доставата на храна и стоки. Поскапуваат земјоделското производство, меѓуградскиот превоз, јавниот превоз, услугите, па дури и најосновните производи на полиците во продавниците. Затоа акцизите за горивата не се изолирана буџетска ставка, туку директен фактор во цената на животот.

Намалувањето на акцизите треба да биде реално, мерливо и временски јасно определено, со обврска ефектот да се пренесе до крајните корисници. Ако државата се откаже од дел од приходот, а цените останат речиси исти поради маржи, посредници или манипулации, тогаш граѓаните повторно ќе бидат измамени. Затоа оваа мерка мора да оди заедно со транспарентен надзор врз формирањето на цените.

Посебна поддршка треба да добијат јавниот и меѓуградскиот превоз, земјоделците, малите превозници, доставувачите и услугите што директно влијаат врз основните потреби на граѓаните. Намалувањето на акцизите не треба да биде подарок за најголемите играчи, туку инструмент за намалување на трошоците што ги плаќаат граѓаните.

Државата мора да разбере дека секој денар повеќе за гориво често станува неколку денари повеќе во цената на храната, превозот и услугите. Затоа вистинското намалување на акцизите може да има поширок ефект, а тоа се пониски транспортни трошоци, помал притисок врз цените, полесно движење на луѓето и стоките, и повеќе пари што остануваат во семејните буџети.

ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ

Државата мора радикално да ги поедностави процедурите за пристап до социјална помош, здравствена поддршка, нега од трето лице и други права што на хартија им припаѓаат на граѓаните. Да се добие државна помош за нега од трето лице денес е сизифовски напор: комисии, документи, чекање, бирократија, понижување. Тоа е само еден пример за тоа како функционира системот. На хартија, според устав и закони, живееме во социјална држава. Во реалноста, ова е кафкијански лавиринт во кој најранливите и најсиромашните најтешко стигнуваат до правата што им следуваат.

Mора да се тргне од едноставно правило: ако институцијата веќе има одреден податок, граѓанинот нема потреба повторно да го носи на хартија од друга институција. Изводи, потврди, уверенија, имотни листови, податоци од матични книги, УЈП, катастар, фондови и министерства мора да се разменуваат меѓу институциите, а не да се претвораат во товар врз граѓаните.

Административните такси за основни документи и услуги треба да се намалат или целосно да се укинат за социјално ранливите граѓани, пензионерите, студентите, невработените, лицата со попреченост и семејствата со ниски приходи. Не може државата да бара од сиромашните луѓе да плаќаат за да докажат дека се сиромашни, болни, невработени или во ризик.

Постапките треба да бидат брзи, јасни и достапни, со едноставни формулари, јасни рокови, електронско поднесување каде што е можно и обврска институциите да одговорат во разумен рок. Ако граѓанинот има рок, мора да има рок и институцијата. Молкот на администрацијата не смее да биде казна за граѓаните.

Особено важно е да се воведе вистински принцип на „едно место“ за основните услуги. Граѓанинот не треба да оди од шалтер до шалтер, од институција до институција, за да оствари право што веќе му следува според закон. Системот треба да им служи на луѓето, а не луѓето да му служат на системот и постојано да докажуваат нешто што треба самиот систем веќе да го знае.

Олеснувањето на процедурите не е само техничко прашање. Тоа е прашање на достоинство, еднаквост и доверба во институциите. Колку е посиромашен човекот, толку потешко го поднесува секој изгубен ден, секој дополнителен документ, секоја такса и секое „дојдете утре“. Затоа поедноставувањето на администрацијата е директна социјална мерка.

СОЛИДАРЕН ПАКЕТ

Општините може да воведат локални фондови за итна помош за семејства во ризик – за неплатени сметки, лекување, школски трошоци, греење, храна, превоз или привремено домување.

Ова не треба да биде еднократна милостина, ниту партиска или предизборна поделба на помош, туку јасна, транспарентна и временски ограничена мерка за луѓето што најтешко ги поднесуваат ценовните шокови. Малите, едноставни и брзи интервенции можат да спречат големи човечки трагедии.

Локалните фондови треба да бидат достапни за семејства што се соочуваат со ризик од исклучување струја, вода, греење, интернет или телефон; за родители што не можат да обезбедат основни школски материјали за децата; за луѓе што мораат да платат лекови, терапија или дијагностика; за семејства што се пред иселување; за самохрани родители, пензионери, невработени и работници со ниски примања.

Помошта мора да биде брза. Семејство што утре може да остане без струја, греење или покрив над главата не може да чека три месеци на комисија, записник, дополнителна документација и „ќе ве известиме“. Ако кризата е итна, и институционалниот одговор мора да биде итен.

Затоа процедурите треба да бидат едноставни: кратко барање, основна проверка, јасни критериуми, рок за одговор и исплата или директно покривање на трошокот. Каде што е можно, општината може директно да плати дел од сметката, школскиот трошок, лекувањето, превозот или привременото сместување, наместо граѓаните да бидат туркани во нови долгови.

Ваквите фондови треба да бидат јавни и транспарентни, но без понижување на луѓето што бараат помош. Треба да се објавуваат вкупните износи, критериумите и бројот на поддржани семејства, но не и лични приказни претворени во пи-ар материјал. Сиромаштијата не смее да биде сценографија за политички самопофалби.

Општините може да ги финансираат овие фондови со кратење на непродуктивни трошоци: репрезентации, прослави, рекламни кампањи, непотребни набавки, луксузни патувања и партиски мотивирани трошења. Ако има пари за банери, коктели, службени возила и самопромоција, мора да има пари и за семејство што не може да плати струја, лекови или училишни потреби.

Во ваков солидарен пакет може да се вклучат и локални компании, банки, супермаркети, аптеки, превозници и граѓански организации. Но тоа мора да биде организирано чесно, без дискриминација, без партиски списоци и без условување. Помошта треба да оди таму каде што потребата е најголема, не таму каде што политичката корист е највидлива.

Ова е мерка што може да се воведе веднаш. Не бара големи реформи, туку одлука, фонд, критериуми и човечност. Понекогаш неколку илјади денари или платена сметка значат разлика меѓу криза што се надминува и семејна катастрофа што остава последици со години.

СУБВЕНЦИОНИРАН ЈАВЕН И ПРИВАТЕН ПРЕВОЗ

Државата и општините треба да го субвенционираат јавниот, приватниот и меѓуградскиот превоз за ученици, студенти, пензионери, невработени и луѓе со ниски примања. Трошокот за транспорт е сериозен товар за многу семејства, особено за оние што секојдневно патуваат до работа, училиште, факултет, лекар или институција.

Превозот не е луксуз, туку услов за пристап до образование, работа, здравствена заштита и основни услуги. Кога луѓето немаат пари за превоз, тие не само што остануваат дома, туку остануваат отсечени од можности, права и институции.

Особено важно е да се субвенционира и меѓуградскиот превоз, бидејќи многу граѓани живеат во едно место, а работат, студираат, се лекуваат или завршуваат административни обврски во друго, поточно во главниот град. За нив, секојдневното патување е трошок што директно ја јаде платата, пензијата или семејниот буџет.

Оваа мерка не би значела само финансиско олеснување за граѓаните, туку и поголема мобилност, подобар пристап до работа и образование, помалку социјална изолација и посилна локална економија.

РЕПРОГРАМИРАЊЕ НА ДОЛГОВИ И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

Потребна е итна мерка да се воведе заштитен минимум на приходи што не смее да биде предмет на извршување. Дури и кога има долгови, човек мора да има средства за храна, лекови, сметки и достоинствен живот.

Потребна е јасна одлука со која власта ќе ги заштити луѓето од губење на единствениот дом при присилна наплата на долгови. Никој не смее да остане без покрив над главата поради долг што можел да се реши со репрограмирање, социјална заштита или разумна институционална интервенција. Долговите треба да се наплатуваат, но не по цена на човечко достоинство и животна катастрофа.

Да се ограничат каматите, казнените камати и трошоците за извршување. Често главниот долг е помал од трошоците што се натрупуваат околу него. Тоа ги турка луѓето во долговна спирала од која тешко се излегува.

Може веднаш да се овозможи репрограмирање на долгови под фер услови. Државата, општините, јавните претпријатија, банките и компаниите може да понудат реални планови за отплата, без понижување, закани и дополнителни трошоци.

НАМАЛУВАЊЕ НА ДДВ

Да се намали ДДВ за основни производи и услуги, особено за храна, хигиенски производи, лекови, училишни материјали, бебешки производи и енергенси за домаќинствата. Ова не смее да биде козметичка мерка што ќе се изгуби во маржите на трговците, туку реално намалување што граѓаните ќе го почувствуваат веднаш, на каса и на сметките.

Државата мора да обезбеди јасен механизам со кој намалениот ДДВ навистина ќе се преточи во пониски цени, а не во дополнителен профит за трговските синџири или посредниците. Ако се намалува данокот, мора да се намали и цената. Во спротивно, мерката станува уште една измама на грбот на граѓаните.

Посебна заштита треба да имаат производите без кои не може да се живее достоинствено: леб, млеко, масло, брашно, јајца, основни хигиенски производи, лекови, пелени, храна и производи за бебиња, училишен прибор и енергенси за домаќинствата. Во сиромашна земја, државата не смее да заработува најмногу токму од основните потреби на луѓето.

Намалувањето на ДДВ за основните производи и услуги е директна мерка против сиромаштијата. Таа им остава повеќе пари на граѓаните за храна, лекови, сметки, превоз и образование, а истовремено ја поттикнува потрошувачката и ја раздвижува економијата. Се работи за елементарна економска и социјална логика во услови на криза и сиромаштија.

НАМАЛУВАЊЕ НА ДАВАЧКИТЕ ВО МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ ФИРМИ

Власта треба да ги намали давачките за вработените во малите и средните фирми, а во најранливите сектори привремено да ги укине целосно. Со тоа би се олеснила состојбата на работодавачите, би се намалил притисокот врз платите и би се обесхрабрила сивата економија, плаќањето во кеш и непријавената работа. Ако државата сака формална економија, мора да направи формалното работење да биде можно, исплатливо и фер.

Институциите треба да воведат едноставни и брзи процедури за пристап до социјална помош, субвенции, здравствени услуги и образовна поддршка. Граѓаните не смеат да бидат казнети со лавиринти од документи, шалтери, комисии и невозможни бирократски условувања токму тогаш кога им е најтешко.

ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА, ЕДНА ВЛАДИНА ОДЛУКА, ЕДНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА – И ЖИВОТОТ ЌЕ СТАНЕ ПОЛЕСЕН ИСТИОТ ДЕН

Сево ова не треба да биде мерка за политичка реклама, туку мерка за економско олеснување. Граѓаните не живеат од владини соопштенија, туку од тоа колку пари им остануваат откако ќе платат храна, сметки, превоз, лекови и гориво.

Со овие и слични мерки (има уште), властите и големите компании ќе покажат дека имаат сенс за тешкотиите со кои се соочуваат луѓето. Но ефектот нема да биде само социјален. Економијата ќе се раздвижи, даноците, иако намалени, ќе почнат да се плаќаат поредовно, ќе се намали сивата економија, а државниот буџет ќе добие поширока и постабилна даночна основа. Наместо да се притискаат истите осиромашени граѓани и фирми до крајна изнемоштеност, државата ќе поттикне повеќе луѓе и компании да работат легално, да пријавуваат приходи, да плаќаат обврски и да останат активни во економијата.

Дополнителен ефект ќе биде намалувањето на трошоците за социјални кризи. Кога луѓето не губат дом, здравје, работа или пристап до основни услуги, државата подоцна не мора да троши уште повеќе за справување со последиците: сиромаштија, задолженост, болести, иселување, семејни кризи и социјална нестабилност. Превенцијата е поевтина од санирањето на штетата.

И компаниите долгорочно ќе имаат корист од посигурни, постабилни и помалку задолжени корисници. Кога граѓаните имаат барем минимален простор да дишат, тие полесно ги плаќаат сметките, остануваат лојални корисници, купуваат повеќе, поретко влегуваат во долгови и поретко се исклучуваат од системот. За компаниите, тоа значи помалку ненаплатени побарувања, помалку трошоци за присилна наплата, помалку изгубени клиенти и подобра репутација.

Да не се лажеме: за најголем дел од овие мерки не се потребни години стратегии, бескрајни комисии, расправи и „длабински анализи“. Потребна е политичка волја, една владина одлука, една итна собраниска процедура и еден ден за државата да направи нешто што веднаш – истиот ден – ќе им го олесни животот на луѓето.

Уште еднаш: ова не е барање за милостина. Ова е повик на здрав економски разум. Запомнете, има и утре. Не мора да ги направите сите пари денес, особено не врз грбот на луѓето што едвај преживуваат. Помал притисок врз граѓаните денес може да значи постабилен буџет, поодржливи компании и поотпорно општество утре.

Ајде, патриоти, ако ве има: направете нешто добро за државата, олеснете им го животот на луѓето.

ВАЖНА НАПОМЕНА ОД ЦИВИЛ: Овој текст и мерките предложени во него претставуваат авторски став и основа за понатамошна јавна, медиумска и граѓанска акција на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Организацијата ја охрабрува јавната дебата, поддршката, соработката и одговорното пренесување на овие идеи во јавен интерес, со коректно наведување на авторот, ЦИВИЛ и оригиналниот извор.

За идеи, предлози за поддршка и заедничка акција, контактирајте нѐ на info@civil.mk

Next Post

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Генерирано со ВИ

ЕУ и САД постигнаа привремен трговски договор до 2029 година

May 20, 2026

„Гугл“ ги претстави моделите „Џемини 3.5 Флеш“ и „Омни“ за симулација на физичкиот свет

May 20, 2026

Форум на жени на СДСМ најави пријави: Бараат разрешување на Неделковски и санкции за Тасевски поради говор на омраза

May 20, 2026

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

May 20, 2026

Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

May 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инциденти и тензии во Пекинг: Повредена службеничка и спор со Тајната служба за време на посетата на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Бугарија со „Бангаранга“ е победник на Евровизија 2026!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓаните револтирани од хаосот со влезниците за Дејвид Гета за 8. Септември, Авалон лимитира коментари на Фејсбук

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати сите 25 финалисти на Евросонг 2026: Бурната полуфинална вечер донесе контроверзи и изненадувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk