ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат, обвинува СДСМ

May 30, 2026 13:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) со обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за правда Игор Филков, тврди дека власта свесно ја завлекува и опструира постапката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција истакна дека се распаѓа уште една лага на Мицкоски пред јавноста, посочувајќи дека партијата со месеци предупредувала оти Груевски поседува државјанства и пасоши од други земји, вклучително и унгарски, што премиерот го знаел цело време.

Според Кузеска, најавите од Министерството за правда за подготовка на документите за екстрадиција, кои траат повеќе од еден месец, се само „лажни изјави за создавање привид дека нешто се работи“, додека во реалноста документацијата воопшто не е испратена.

„Страв од менторот и зачувување на министерската фотелја“

Опозицијата смета дека мотивите за ваквото постапување се целосно политички и партиски поврзани.

„Вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде екстрадиран, затоа го штитат. Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тоа директно би ја загрозило неговата позиција во партијата. Ги тргна сите потпретседатели од партијата, а од општинските комитети направи личен фан-клаб, поради страв од враќањето на неговиот ментор. Филков, пак, по секоја цена сака да ја зачува фотелјата“, изјави портпаролката на СДСМ.

Таа додаде дека доколку постоела реална политичка волја, барањето веднаш ќе било процесирано, особено по најавите на новиот унгарски премиер, Петер Маџар, пред еден месец дека Унгарија повеќе нема да биде заштитник на криминалци.

Барање за итна екстрадиција и активирање на дипломатските канали

СДСМ побара од надлежните институции итно да ги комплетираат и испратат документите со кои официјално ќе се побара испорачување на Груевски во државата.

Партијата апелираше Македонија да ги активира сите расположливи дипломатски канали, да побара меѓународна правна помош и да ги искористи сите правни механизми за поранешниот премиер да биде изнесен пред лицето на правдата во земјава.

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

Унгарија останува сигурно засолниште за поранешниот македонски премиер Никола Груевски. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал (ВиСквер) VSquare, пишува дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 година, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува дека тој и натаму престојува во земјата. Тоа ја прави неговата екстрадиција назад во С. Македонија речиси невозможна.

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

Според објавата, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, а неговиот статус е значително посигурен од статусот на други политички азиланти кои добиле заштита од претходната власт на Виктор Орбан.

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува

Независно од сите шпекулации и неофицијални информации за евентуалниот статус што го има во Унгарија, Никола Груевски останува државјанин на Република Северна Македонија и е лице кое е предмет на правосилни судски одлуки и активни постапки – се вели во соопштението од Министерството за правда.

Министерството за правда нагласува дека постапката за негова екстрадиција продолжува согласно домашното законодавство, билатералните договори и меѓународните конвенции. Во рамки на своите надлежности, Министерството и понатаму ќе ги презема сите неопходни правни и дипломатски чекори во комуникација со надлежните органи на Унгарија

Груевски избега од Северна Македонија во ноември 2018 година, непосредно пред да започне со издржување затворска казна од две години во случајот „Тенк“ – пресуда за корупција поврзана со набавка на оклопен луксузен „мерцедес“ во вредност од 600.000 евра.

Тој ја напушти земјата преку Албанија, а потоа продолжи низ Црна Гора и Србија, наводно со помош на унгарско дипломатско возило и, според тогашни извештаи, со вмешаност на унгарската странска разузнавачка служба. Владата на Орбан потоа му одобри политички азил.

Во Македонија во изминатиот период, по падот на Виктор Орбан од власт во Унгарија, се актуелизираше приказната за враќањето на Груевски. Во април годинава, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува Груевски да се врати во земјата, но доколку тоа се случи „ќе оди во затвор“.

Редакција Фронтлајн

Tags: ГруевскиекстрадицијаМицкоскиунгарско државјанствоФилков
Next Post

ВЛЕН: По Беџети дојде Јашари, но ДУИ со години го остави заглавен правосудниот испит на албански јазик

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk