ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кошта: Уставните измени единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ

June 3, 2026 08:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски вечерва во Скопје повтори дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на земјава со ЕУ.

– Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската унија за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците. Таа останува најголемиот инвеститор и најважен трговcки партнер. Остануваме да ве поддржиме и политички и финансиски, но на крајот моќта да ја обликувате вашата иднина е во ваши раце – изјави Кошта.

Според него, единствениот начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите, преку преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи. – Она што било договорено во 2022 година треба да се испорача и ништо повеќе од тоа – рече тој додавајќи дека треба да се отворат и затворат кластерите чекор по чекор и дека тоа е процес кој се заснова на заслуги.

– Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Северна Македонија цврсто припаѓа во Европската унија. Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате, особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опшипилив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон усвојувањерто на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација што е значајно за пристапниот пат на Северна Македонија, но и за искористување на Планот за раст и пристапувањето. Исто така го поздравувам вашето целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика со ЕУ. Тоа испраќа силен сигнал за стратешката ориентација на Северна Македонија и за заедничките вредности што ги споделуваме. ЕУ им обезбеди траен мир и стабилност на своите земји членки, преку отпорни демократски институции и силни економски врски. Проширувањето како такво ги нуди истите можности и на нашите европски соседи, како што е Северна Макеоднија – рече Кошта.

Ја најави средбата во Тиват заедно со лидерите на ЕУ и Западен Балкан. Како што кажа Кошта, Самитот ќе биде јасна потврда на нашата решеност да ја унпаредиме соработката, но и да го искористиме овој момент за проширување на Европската унија.

За предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц, претседателот на Европскиот совет Кошта рече дека не може да ги предвиди заклучоците на Европскиот совет пред тој воопшто да дискутира за идеите на Мерц. За земјите во Западен балкан рече дека ситуацијата е различна и оти за среќа тие не се во војна и се во многу понапредна и позавидна позиција од Украина и смета дека никој не чуствува потреба да создава нови решенија за земјите од Западен Балкан затоа што не мора да се премостува „јаз помеѓу процесот на преговори и целосното полноправно членство во ЕУ“.

– Од она што јас го разбрав е дека канцеларот Мерц верува дека со шесте земји од Западен Балкан процесот на пристапување е полесен во споредба со Украина и се обидуваат осмислат некој посебен статутр на Ујраина да се надмине овој статут и потоа Укараина да има некој посебен статус. Не сум сигурен дека Украина добро испорачува во неформалнитре процеси на преговори со ЕК и секако зависи од драматичната војна во Украина и веројатно нема воопшто да ни треба да смислуваме нешто ново за Украина. Но, не можам да ги предвидам заклучоците на Европскиот совет пред тој воопшто да ги дискутира идеите дадени од канцеларот Мерц, рече Кошта.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на прес-конференцијата потенцираше дека нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани.

– Во изминатиот период работиме посветено на реформската агенда, на јакнење на институциите, на стабилизирање на економијата, на привлекување на инвестиции, на подобрување на јавните услуги и на создавање на систем што ќе биде поефикасен, поправеден и поблиску до граѓаните – рече Мицкоски.

Но, исто така, додаде премиерот, денес отворено разговаравме и за реалноста што ја чувствуваат многу наши граѓани.

– После години чекање, компромиси, очекувања, исполнети барања и чести промени на политичкиот контекст, природно е во одредена смисла да чувствуваат поголема неизвесност, а од друга страна потребна е поголема извесност. Токму затоа, денес е потребно лидерство, јасност и доверба – рече Мицкоски.

Премиерот потенцира дека Европа била најсилна тогаш кога покажувала визија, политичка храброст и доследност кон сопствените вредности. Кога била простор на можности, правда и предвидливост. – Разговаравме и за економската интеграција, инфраструктурното поврзување, енергетската сигурност, инвестициите, конкурентноста и за отворање нови перспективи за младите генерации. Затоа што европската интеграција не е апстрактна политичка тема. Таа за граѓаните значи поквалитетно образование, подобро здравство, ефикасни институции, сигурни работни места, повисок животен стандард и чувство дека иднината може да се гради дома, а не надвор – рече премиерот Мицкоски.

На Кошта му рече дека верува во партнерски дијалог, во искрен разговор, меѓусебна почит и заемно разбирање.

– Но, верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива-тие се нејзин составен дел – рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, денеска престојува во Скопје.

Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни.

Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

Next Post

Почнува јубилејното 25-то издание на ОФФест

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk