Во скопската општина Карпош, членови на Сојузот на извидници помагаат во одржувањето на редот и растојанието во маркетите, каде се забележува зголемена фрекфентност на купувачи во пресрет на големиот христијански празник Велигден.
Иако скоро секогаш пред вакви големи празници има зголемена потрошувачка, оваа година празникот ќе се слави под построги мерки заради пандемијата од корона вирус.
На граѓаните кои пред најавениот полициски час со траење од петок 16,00 часот, до вторник до 05,00 часот купуваат намирници, во општина Карпош, во пресрет им излегоа извидниците од Сојузот на извидници кои помагаат во одржување на редот и потребното растојание.
Општината го поздрави нивното учество и им се заблагодари на својот Фејсбук профил.
„Пред повеќе маркети во Карпош, редарски служби го контролираат редот и повикуваат на физичка дистанца меѓу граѓаните. Благодарност до Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia, чии активисти се вклучени во оваа акција. Да бидеме одговорни и да го почитуваме редот, – стои во статусот на Фејсбук на општина Карпош.
Во Штип пак, градоначалникот Бочварски ги поздрави волонтерите кои на своја иницијатива им помагаат на граѓаните на пазарите и им даваат бесплатни заштитни маски.
Волонтерите на градскиот пазар поставуваат ред, даваат заштитни маски на секој кој не носи со себе.
Апел да дадеме предност на повозрасните лица во периодот од 10 до 12 часот. Држете раст ојание! Заштитете се! – напиша градоначалнкот Бочварски на својот Фејсбук профил.
А. Н. Стојчевски