ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026 12:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Сирискиот суд во вторникот го осуди соборениот сириски претседател Башар ал-Асад, заедно со неговиот помал брат, на смртна казна во отсуство. Тие се осудени за злосторства против човештвото и воени злосторства сторени за време на 14-годишниот конфликт во Сирија, кој зад себе остави околу половина милион загинати, пренесува Асошиејтед прес. .

Казните изречени од Четвртиот кривичен суд во Дамаск се првите пресуди против Асад или членовите на неговиот тесен круг, откако пред 20 месеци заврши петдецениското владеење на семејството Асад.

„Башар Асад ги користеше државните агенции за да изврши воени злосторства и злосторства против човештвото“, изјави судијата Фахаредин ал-Аријан за време на судската седница која се емитуваше во живо на државната телевизија.

Наџиб во затворски кафез пред судот

На смрт е осуден и Атеф Наџиб, братучед на Асад по мајчина линија, кој беше прогласен за виновен за надгледување на репресијата во јужната провинција Дара, што всушност доведе до востанието, а подоцна и до граѓанската војна.

Под силно обезбедување, Наџиб стоеше во кафез во судницата облечен во затворска униформа додека судијата ја читаше пресудата. Пред зградата на судот во центарот на Дамаск се собра голема толпа луѓе за да го слушне изрекувањето на казната. За разлика од него, Башар и неговиот брат Махер избегаа во Русија по падот на владата во декември 2024 година, каде што добија политички азил. Новите владетели на Сирија веќе побараа од Русија да ги предаде.

Улогата на Наџиб и Махер Асад во режимот

Атеф Наџиб, кој во април 2011 година беше санкциониран од американското Министерство за финансии, е еден од највисоките функционери кои се изведени пред суд. Тој е поранешен бригаден генерал на сириската војска кој во 2011 година беше шеф на Филијалата за политичка безбедност во провинцијата Дара. За време на неговиот мандат, повеќе од десет тинејџери кои напишаа антивладини графити на училиштен ѕид беа уапсени и мачени. Овој случај стана катализатор за масовните протести против репресивните политики на безбедносните сили на Асад. Владата одговори со брутална репресија врз протестите, што прерасна во 14-годишна граѓанска војна која заврши со соборување на Асад преку молскавична бунтовничка офанзива.

Од друга страна, Махер Асад беше поранешен командант на 4-тата оклопна дивизија на сириската војска. Сириските опозициски активисти долги години ја обвинуваа оваа дивизија за убиства, тортура, изнуда и трговија со дрога, покрај тоа што управуваше со сопствени центри за притвор.

Ј. Ѓ.

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk