ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026 17:37
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, е организатор, модератор и воведничар на дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, што се одржа на 30 јули 2026 година, во Скопје.

Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина е блокирана однадвор или државата свесно се повлекува од европскиот пат, додека политички, медиумски и економски сè подлабоко се вградува во орбитата на „српскиот свет“.

Во продолжение е транскриптот на обраќањето на Хоџиќ.

Република Северна Македонија веќе две години живее со застојот во европската интеграција.

Сметам дека овој обид да се сопре европската интеграција на Република Северна Македонија и земјата да се одвои од пакетот со Црна Гора и Албанија, кои треба да влезат во Европската Унија до 2029 година, воопшто не е случаен. Посебно ако се има предвид дека сегашната власт, тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ, уште додека беше во опозиција имаше силна логистичка поддршка од два авторитарни лидери – Орбан во Унгарија и Александар Вучиќ во Србија, кој веројатно нема уште долго да биде на власт, но сè уште е тука и сè уште е еден деструктивен регионален играч.

Посебен контекст на сето ова е фактот дека ВМРО-ДПМНЕ, додека беше во опозиција, се обиде да го спречи влегувањето на Северна Македонија во НАТО, односно беше јасно против Преспанскиот договор.

И тој договор, како и францускиот предлог сега, со кој се попречува патот кон Европската Унија, беше обвиткан во пропаганда дека се загрозува идентитетот на етничките Македонци. Таа реторика, ако се потсетите, во делот со НАТО се сведуваше на „Северџани“, на тврдењата дека Преспанскиот договор задира во идентитетот, дека промената на името задира во идентитетот.

Но, гледаме дека сега таа реторика е напуштена и, нормално, се користат придобивките од членството во НАТО. Има дури и моменти кога знаат да го пофалат Преспанскиот договор како добар пример, иако направија сè тој да не успее.

Големо е влијанието на Орбан и на Вучиќ, кои и во релевантни извештаи на Европската Унија и на Стејт департментот се посочуваат како актери преку кои се остварува руско влијание – Орбан како прокси-играч на Путин во самата Европска Унија, а Вучиќ како прокси-играч на Русија и на Путин на Западниот Балкан.

Воведот ќе го завршам со реченицата што ја кажа премиерот: „Спремете се за маратон кон Европската Унија“.

Она што недостасува како дополнување на таа реченица е дека во овие две години Македонија истрча еден сериозен спринт во интеграцијата во „српскиот свет“.

„Српскиот свет“ и неговото влијание се препознаени во релевантните извештаи на Европската Унија – не само во однос на Северна Македонија и во извештаите за нашата земја, туку и во однос на Босна, Црна Гора и Косово – со цел и тие држави да го забават својот пат кон Европската Унија. Притоа, јасно се посочува дека „српскиот свет“ шири малигно проруско влијание.

Таа политика е препознаена и во последните американски документи за Западниот Балкан, каде што јасно се укажува на недостатокот на демократски капацитет на режимот во Србија. Покрај тоа, се зборува и за отсуството на владеењето на правото, нешто што е карактеристика на авторитарните лидери и авторитарните режими, и повторно се укажува дека Србија шири малигно влијание на Западниот Балкан во корист на Русија.

Кажав дека дури и по прашањето на Сребреница се гледа негативното влијание на „српскиот свет“, но има уште еден индикатор што го пропуштивме во коментарите. Тоа е отсуството на реакција на македонските државници на изјавата на Снежана Пауновиќ, министерка за државна управа и локална самоуправа во Србија, која рече дека, кога би имала можност, „етнички би го исчистила Косово“.

А ние, како соседна држава, немаме официјална реакција од нашата влада на една таква изјава.

Македонија беше земјата во која, кога се случуваше обидот за етничко чистење, тие луѓе беа префрлени тука. А таа изјава доаѓа многу кратко по одбележувањето на геноцидот во Сребреница.

Уште еден агол што би сакал да го посочам е тоа што во дел од медиумите, по последниот инцидент во Собранието, имаше обид практично да се забранат или да се ограничат коментарите на темата за „српскиот свет“, така што на сите нас требаше да ни се стави етикета дека тоа е шовинизам, ксенофобија и удар врз српскиот народ.

Подготвувајќи се за оваа дебата, но и бидејќи ова е тема на која работам долго време, дојдов и до резолуциите усвоени во Европскиот парламент и до политичките документи во кои „српскиот свет“ се третира како политички концепт.

А тој политички концепт во овој момент, парадоксално, освен што им нанесува штета на државите во регионот, можеби најголемата штета буквално ѝ ја нанесува на демократската јавност и на српскиот народ во Србија.

И токму од тој агол сакам да го потенцирам тоа. Затоа и дојдов до идејата да разговараме за ова, бидејќи видов обид да се воведе еден вид цензура врз дебатата која од ден на ден станува посуштинска во нашето општество – и од аспект на блиската историја, и на постарата историја, и на актуелната политика.

Најжално од сè е што последниот инцидент во Собранието можеше, во одреден момент, да прерасне и во етнички инцидент.

Во вредносна смисла, дебатата за тоа дали Северна Македонија е заглавена помеѓу Европската Унија и „српскиот свет“, во суштина е дебата за тоа дали Северна Македонија е подготвена за демократски вредности и транспарентни институции, наспроти авторитарен режим и корумпирани и затворени институции.

Дали е подготвена за стабилен економски раст, наспроти јасното богатење на олигархијата, од која еден дел очигледно го помага кочењето на Северна Македонија на патот кон Европската Унија?

Дали ние ќе се залагаме за отворени општества или за тоталитарни општества? Дали ќе ја потенцираме потребата од граѓанска одговорност, наспроти општества во кои примитивниот национализам ќе буди емоции и ниски страсти кај населението?

И, можеби најважно, дали сакаме општество во кое има јасно владеење на правото, наспроти приватна држава?

А видовме, ако сакате, и во однесувањето на премиерот во последните две години, кога многу често велеше: „Ќе ги влечеме за уши“, па „ќе му се јавиме на обвинителот“, па „еве сега го повикувам обвинителството да го провери тој и тој случај“.

Во суштина, дебатата е токму таа: дали сакаме организирана демократска држава, со владеење на правото и економски напредок, интегрирана во Европската Унија, или она што се подразбира под „српски свет“, каде што, како што рековме, авторитарните режими и стабилократијата не можат да понудат економски развој и просперитет за граѓаните, а од друга страна наметнуваат сериозни проблеми.

Целата дебата во органзација на СДА Македонија „Меѓу ЕУ и српскиот свет“ е достапна на Јутуб каналот на ЦИВИЛ. Дебатата се одржа на 30 јули во Скопје.

Во дискусијата учествуваа Никица Корубин, поранешна пратеничка и колумнистка; Роберт Алаѓозовски, критичар и поранешен министер за култура; проф. д-р Ана Чупеска, претседателка на Советот на СДСМ; Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ и главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА; Џабир Доко, генерален секретар на Партијата за движење на Турците (ТХП); и Петрит Сарачини, новинар и граѓански активист.

Д. Муратов
Камери и монтажа: Ариан Мехмети

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

Next Post

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk