ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026 13:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за транспорт

Фото: Министерство за транспорт

Share on FacebookShare on Twitter

Со симболичното патување на релацијата Зелениково – Нова железничка станица Скопје денеска официјално беше пуштена во функција првата фаза од проектот „Градски воз“, со кој периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, раководствата на железничките претпријатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“, градоначалникот на Град Скопје и дел од скопските градоначалници.

Вицепремиерот Александар Николоски истакна дека ова е почеток на реализацијата на визија за поефикасен јавен превоз, поголема мобилност и подобра заштита на животната средина.

„Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти и е уште поголем доказ, дека нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, еве после две години се враќа во превоз. Ако пред две години имавме напуштени и девастирани пруги, железнички станици кои што беа затворени и се распаѓаа, возови кои што не работеа и бројни композиции лежеа на македонските пруги, еве денеска после две години имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера веќе имаме и градски воз”, истакна Николоски.

Тој посочи дека Владата го исполни ветувањето дека првата фаза од градскиот воз ќе започне на 1. септември и порала што повеќе граѓани и млади да го користат во секојдневието.

„Ветивме дека првата линија ќе почне на 1 септември и така се случи, се надевам дека ќе ја користат многумина, се надевам дека многу ќе помогне и на учениците и на средношколците, на сите оние кои што сакаат навреме да стигнат на своите работни места, пензионерите и ќе ја користиме сите ние”- рече заменик претседателот на Владата.

Николоски на крајот упати благодарност до премиерот Мицкоски, посочувајќи дека реализацијата на вакви проекти значи и реализација на идејата на првиот човек на државата, а тоа е Македонија да стане инфраструктурна крстосница на Балканот.

„Со реализацијата на Коридорите 8 и 10 и со реализацијата на вакви проекти, Македонија навистина станува раскрница на Балканот”- потенцираше вицепремиерот Александар Николоски.

 

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk