ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

На Меѓународниот ден на демократијата, организацијата повика на граѓанско учество, заштита на независното новинарство и одговорност на институциите.

September 15, 2026 17:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.“, ЦИВИЛ – Центар за слобода упати повик до граѓанките и граѓаните да ја бранат демократијата преку секојдневно, мирно и упорно дејствување. Во соопштението по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември, организацијата предупредува дека притисоците врз демократските институции, независните медиуми и граѓанското општество ја загрозуваат слободата, еднаквоста и европската иднина на Северна Македонија и Западен Балкан.

ЦИВИЛ се придружува кон годинашната тема на Обединетите нации, „Кога секој глас се уважува, демократијата дава резултати“, нагласувајќи дека таа подразбира институции што ги слушаат граѓаните и власт што одговара за своите постапки.

„Демократијата се поткопува и постепено: со партизација на институциите, селективна правда, нетранспарентно трошење јавни пари, заплашување на критичарите и претворање на јавната дебата во простор за дискредитација“, се наведува во соопштението.

Организацијата посочува дека корупцијата, клиентелизмот и притисоците врз новинарите и активистите остануваат сериозни проблеми во земјата, повикувајќи се и на извештајот на Freedom House за 2026 година.

„Изборниот мандат носи одговорност да се служи на сите граѓани. Тој не дава право државата да се третира како партиска сопственост“, нагласува ЦИВИЛ.

Посебна загриженост се изразува за исцрпувањето на независното новинарство и граѓанскиот сектор преку финансиска несигурност, кампањи за оцрнување и правни притисоци. Во соопштението се посочуваат и оценките на Репортери без граници за политичките и економските притисоци врз медиумите и тужбите што служат за заплашување на независните редакции.

„Затворањето или замолчувањето на една редакција значи помалку информации, помалку надзор над власта и помалку простор за гласот на граѓаните“, предупредува организацијата.

За Западен Балкан, ЦИВИЛ ја истакнува опасноста од заемното охрабрување на авторитарните практики, националистичките мобилизации и дезинформациските кампањи. Величањето воени злосторници, негирањето на злосторствата и поттикнувањето етничка омраза, според организацијата, ја разоруваат довербата и создаваат услови за нови поделби и насилство.

Последиците од демократското назадување, се нагласува, се чувствуваат преку неправда, нееднаков пристап до услуги и работни места, корупција и страв да се побара одговорност.

„Демократското назадување има човечка, економска и безбедносна цена“, се наведува во соопштението.

ЦИВИЛ ги повикува граѓаните да бараат отчетност за јавните пари и одлуки, да го поддржуваат независното новинарство, да ги проверуваат информациите пред да ги споделат и да учествуваат во јавни дебати, граѓански иницијативи, мирни протести и избори. Од институциите и политичките партии бара транспарентност, еднаквост пред законот и заштита на новинарите и активистите.

Како коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI) и партнер во Вестминстерската алијанса за Украина (WA4U), ЦИВИЛ ја потврдува и својата солидарност со Украина во одбраната од руската агресија, поврзувајќи ја со меѓународната одбрана на слободата.

„Назадувањето на демократијата може да се запре. За тоа се потребни независни институции, информирани и активни граѓани и солидарност што ги надминува партиските, етничките, верските и државните граници“, порачува ЦИВИЛ.

Со овој повик и со низа меѓународни активности, ЦИВИЛ го одбележува Меѓународниот ден на демократијата ставајќи ги во фокус граѓанското учество и одговорноста на институциите. Организацијата нагласува дека одбраната на демократските права бара постојан ангажман, солидарност и јавен надзор над власта.

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk