ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026 13:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи денеска е прогласен за виновен за воени злосторства и е осуден на 25 години затвор од страна на трибуналот за воени злосторства во Хаг. Според пресудата, 58-годишниот Тачи е осуден за кривични дела кои вклучуваат убиства, тортура и незаконско притворање, извршени во периодот кога бил врховен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на конфликтот и отцепувањето од Србија во 1990-тите години.

Трибуналот утврди дека тој сноси вина за убиството на 96 политички противници и лица за кои се сметало дека соработуваат со српските безбедносни сили за време на воениот конфликт, пренесува британската новинска агенција Ројтерс.

Судечкиот совет го прогласи Тачи за виновен за противзаконско апсење и лишување од слобода (точка 3), сурово постапување, мачење (точка 7) и убиство како воено злосторство (точка 9).

Пресудата утврди дека како член на главниот штаб и началник на дирекцијата за политички прашања, тој директно учествувал во формулирањето на целите на военото раководство. За овие дела советот му изрече единствена казна од 25 години затвор.

Според наодите на советот, Тачи заедно со соработниците поставувал лојални кадри на раководните позиции за да ја задржи целосната власт врз дејствувањето на ОВК.

„Многу од тие лојални лица, кои обвинетите ги именуваа или избраа, извршија кривични дела или пак знаеја дека кривичните дела се вршат во согласност со заедничката цел“, наведе претседавачот на советот.

Судот заклучи дека Тачи лично учествувал во апсењето, затворањето и сослушувањето на 13 пратеници во Ќерез и Бањица, наведувајќи ги како конкретни примери случаите со Бехајдин Алачи и Шабан Шаља, каде убиството било прикривано како „маченичка смрт“.

Наместо да ги истражи или казни сторителите во сопствените редови, Тачи активно поттикнувал неказнивост и пласирал невистинити тврдења во јавноста.

„Тачи ширеше, односно овозможуваше ширење лажни информации за затворениците и жртвите на кривичните дела што ги вршеа припадниците на ОВК, даваше лажни гаранции дека ОВК се придржува до меѓународното хуманитарно право и покажа немилосрдна способност да ги отстрани политичките пречки за да обезбеди исклучива контрола врз водењето на војната“, заклучи судот.

Во текот на целиот судски процес, поранешниот косовски претседател категорично ги отфрлаше сите обвиненија кои му се ставаа на товар.

Next Post

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk