ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026 15:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Неправедна и длабоко разочарувачка“, вака лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и еден од основачите на ОВК, Али Ахмети, ја оцени денешната одлука на Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг. Трибуналот ги прогласи за виновни за воени злосторства четворицата поранешни високи лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК). Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и поранешниот претседател на косовското Собрание Јакуп Красниќи се осудени на по 25 години затвор, поранешниот претседател на Собранието Кадри Весели на 18, а поранешниот командант и пратеник Реџеп Селими на 13 години затвор.

Станува збор за првостепени пресуди за кои страните имаат право на жалба. Четворицата се прогласени за виновни за противправно или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и противправно убиство. Истовремено, судскиот совет утврди дека обвинителството не успеало да докаже постоење на широко распространет напад врз цивилното население, поради што четворицата не се прогласени за виновни по обвиненијата за злосторства против човештвото.

Реагирајќи на ваквата одлука, Ахмети повика на разумност и единство, апелирајќи да се избегнат тензии и поделби по изрекувањето на пресудата. Тој нагласи дека сите биле ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото и истакна дека претходните наводи за трговија со органи не биле дел од обвиненијата во оваа постапка. „Ова се факти што треба да се имаат предвид секогаш кога некој се обидува да ја прикаже ОВК како криминална организација“, рече Ахмети. Тој изрази уверување дека наодите ќе бидат оспорени во текот на жалбената постапка: „Процесот не завршува овде. Веруваме дека одбраната ќе ја продолжи правната битка пред Жалбениот совет, оспорувајќи ги наодите од првостепената пресуда и барајќи правда до самиот крај“, напиша тој на социјалните мрежи.

Остра реакција пристигна и од партијата ВЛЕН, од каде соопштуваат дека со длабоко жалење и огорченост ја примиле веста за изречените казни, оценувајќи ги како „високи и неприфатливи“. Тие посочуваат дека по долг и оспоруван процес, овие истакнати личности на ослободителната војна остануваат далеку од своите семејства и од Косово. „Денешната пресуда не ја доведе во прашање легитимноста на ОВК. Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна борба за слобода, водена во услови на репресија и злосторства на режимот на Слободан Милошевиќ. Оваа историска вистина не може да ја промени ниту една пресуда“, се вели во партиското соопштение. Изразувајќи солидарност со семејствата, од ВЛЕН нагласуваат дека очекуваат жалбената постапка да ги разгледа аргументите на одбраната за да се исправи оваа неправда, заклучувајќи дека „ОВК се бореше за слобода и таа вистина не се препишува“.

Во образложението на пресудата, судскиот совет наведе дека било докажано противправно апсење на најмалку 385 лица. Судот опиша и тешки случаи на физичко и психичко малтретирање на затвореници, а според претседавачот на советот, судијата Чарлс Смит, дел од жртвите и денес имаат долгорочни последици од злоставувањето. Според извештајот на Асошиејтед прес, предметот опфаќа повеќе од 800 жртви. Судот нагласил дека процесот не претставува судење на легитимноста на ОВК или на независноста на Косово, туку се однесува на индивидуалната кривична одговорност на обвинетите.

Обвинението се однесуваше на настани од март 1998 до септември 1999 година, на повеќе локации во Косово, како и во Кукс и Кахан во северна Албанија. Обвинителството тврдеше дека жртвите биле цивили и лица кои не учествувале во борбите, а биле сметани за противници на ОВК. Обвинетите се наоѓаат во притвор во Хаг од ноември 2020 година, а судењето започна во април 2023 година. Во судницата сведочеа 134 сведоци и учествуваа 156 жртви. Сите четворица ги отфрлаа обвиненијата во текот на процесот, додека обвинителството бараше казни од по 45 години затвор. Пресудата беше дочекана со силни реакции во Косово, каде во пресрет на одлуката беа организирани собири за поддршка во Приштина и Хаг, бидејќи обвинетите за голем дел од јавноста остануваат симболи на борбата за независност.

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk