ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026 10:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Самитот за проширување на Еуроњуз во Брисел на 3 ноември покажа дека процесот на проширување влегува во нова фаза, но и дека земјите кандидати напредуваат со различна брзина.

Покрај Црна Гора, Европската комисија подготвува патокази и за Албанија, Украина и Молдавија. Албанија има амбиција да ги заврши преговорите до крајот на 2027 година, но се соочува со домашни политички и општествени предизвици, вклучително и протести.

Украина и Молдавија, во меѓувреме, остварија формален напредок со отворањето на нови преговарачки кластери во октомври. Напредокот на Украина беше олеснет и со политичката промена во Унгарија, која претходно го забавуваше процесот.

Европската комисија, истовремено, разгледува механизми за постепена интеграција на земјите кандидати во одредени политики и делови од единствениот европски пазар, пред формалното членство. Таквиот пристап би требало да донесе конкретни придобивки за граѓаните и економиите, но учеството би било условено со спроведување на реформите и усогласување со европските стандарди.

Европската комисија денеска ги објавува извештаите: Каква е оценката за регионот?

Денеска Европската комисија го објавува годишниот Пакет за проширување за 2026 година, со извештаи за напредокот на десетте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство: Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија, Турција и Грузија.

Извештаите содржат оценка за реформите спроведени во изминатата година, со посебен фокус на владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата, функционирањето на демократските институции, јавната администрација, човековите права, слободата на медиумите и економските критериуми. За секоја земја се наведуваат постигнатите резултати, слабостите и приоритетите за следниот период.

Според нацрт-оценките објавени пред официјалното претставување, Европската комисија ја издвојува Црна Гора како најнапредна земја во процесот на проширување. Се наведува дека Подгорица ги исполнила завршните одредници во сите преговарачки поглавја и дека преговорите би можеле да бидат завршени до крајот на декември 2026 година.

За разлика од неа, Србија, Босна и Херцеговина и Косово се оценети како земји без напредок во клучните области, особено во владеењето на правото и функционирањето на демократските институции.

Во делот за Србија се посочуваат зголемените политички притисоци врз судството и граѓанското општество, како и недоволното усогласување со надворешната политика на ЕУ. За Босна и Херцеговина се издвојуваат политичката фрагментација и слабостите во независноста на правосудството. Косово, пак, се соочува со проблеми во функционирањето на институциите и влијанието врз судството, а напредокот во нормализацијата на односите со Србија останува важен услов за европската перспектива на двете страни.

За Северна Македонија, клучни прашања остануваат уставните измени, реформите во правосудството, борбата против корупцијата и зајакнувањето на демократските институции. Отсуството на напредок во пристапниот процес е поврзано и со неисполнувањето на условите од преговарачката рамка за отворање на првиот кластер.

Особено значајна е оценката за владеењето на правото во извештајот на Европската комисија од јули 2026 година, кој ги опфаќа и Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија. Во него се посочува дека во Северна Македонија и понатаму постојат сериозни загрижености за независноста на судството, политичките влијанија и недоволната институционална соработка. Само 21 процент од граѓаните и 19 проценти од компаниите ја оцениле независноста на судовите и судиите како добра или многу добра, што претставува пад во споредба со претходната година.

Северна Македонија и ризикот од продлабочување на разликите

За разлика од Црна Гора и Албанија, Северна Македонија сè уште нема конкретна временска рамка за напредување кон следната фаза од пристапните преговори. Процесот останува блокиран поради неисполнувањето на условот за уставни измени, со кои треба да бидат внесени Бугарите во Уставот, согласно договорената преговарачка рамка.

На Самитот во Брисел, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно го отвори прашањето за билатералните условувања и потребата од суштински дијалог и креативни решенија за надминување на застојот. Таа посочи и на можноста за постепена интеграција преку поголем пристап до единствениот европски пазар.

Слични проблеми со напредокот имаат и Босна и Херцеговина и Косово, иако причините за застојот се различни. Последицата е сè поголем јаз меѓу земјите што успеваат да ги исполнуваат условите за членство и оние што остануваат заглавени во политички и институционални блокади.

Дополнителен ризик е тоа што европските инструменти за поддршка и постепена интеграција ќе можат побрзо да ги користат земјите што покажуваат конкретни резултати во реформите. Тоа може да ги продлабочи разликите во регионот, не само во пристапните преговори туку и во економските можности и поврзаноста со единствениот европски пазар.

Проширувањето повторно станува геополитичко прашање

Самитот во Брисел се одржа во момент кога Европската Унија се обидува да го претвори обновениот интерес за проширување во конкретни политички резултати. Во услови на војната во Украина, безбедносните предизвици и засиленото геополитичко натпреварување, проширувањето сè повеќе се третира и како прашање на европска безбедност и стабилност.

Промената на власта во Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори на 25 октомври отвори нови очекувања во Брисел за можен пресврт во односите со Белград. Сепак, ставовите на новото политичко раководство за односите со Косово и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ остануваат важни прашања.

За Црна Гора, следните два месеца ќе бидат клучни. Затворањето на преостанатите поглавја би претставувало историски чекор, но патот до полноправно членство ќе бара не само техничко исполнување на условите, туку и политичка согласност меѓу земјите членки.

Додека Подгорица се обидува да ја искористи поволната политичка клима во Брисел, Северна Македонија се соочува со ризик од дополнително заостанување.

Б. Јордановска

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk