Косово денеска доби 1.000 тестови за корона вирус од Србија. Донацијата според Министерството за здравство е дел од регионалната соработка на земјите кои можаат да помагат на соседите за полесно справување со пандемијата.
Со оваа донација и уште 1.000 пристигнати од Турција, Косово веќе има доволна залиха на тестови за наредниот период, но и покрај тоа, вечерва ќе се бира и добитникот на тендерот за нови количини.
Од 8. февруари во Косово се направени 3.915 теста, од кои на 449 лица резултатите биле позитивни на КОВИД-19 и досега 12 пациенти починаа.
На болнички третман во Косово се моментално 79 пациенти со корона вурусот.