ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Припадници на КФОР во Косово заразени од Ковид-19, двајца вработени цивили починале

Во свето денешно соопштение за јавноста, КФОР наведува дека е посветен на спречувањето на ширењето на епидемијата на Ковид-19, при што секој нивни припадник кој покажува знаци на заболеност или бил во контакт со некој кај кого е потврдена заразата, се става во карантин.

April 18, 2020 19:00
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународните воени сили предводени од НАТО во Косово, КФОР, објавија денеска дека неколкумина нивни припадници резултирале со позитивни наоди на тестирањето за новиот коронавирус и воедно ги потврдија информациите дека двајца нивни вработени, локални цивили, починале од заразата, јави дописникот на МИА од Приштина.Според косовските медиуми, починатите од Ковид-19 кои работеле за КФОР се жители на Урошевац и биле вработени во кампот Бондстил, кој се наоѓа во близина на тој град.

Во свето денешно соопштение за јавноста, КФОР наведува дека е посветен на спречувањето на ширењето на епидемијата на Ковид-19, при што секој нивни припадник кој покажува знаци на заболеност или бил во контакт со некој кај кого е потврдена заразата, се става во карантин.

– Доколку војници на КФОР се заразат, тие се третираат во здравствените простории на базите на КФОР и се стваат во карантин за да се намали изложеноста, пред да бидат евакуирани, се вели во соопштението потпишано од командантот на меѓународната мисија, генерал-мајорот Микеле Риси.

КФОР воедно информира дека ја продолжува редовно својата мисија со мандат од Обединетите нации, „со цел да обезбеди мирен и безбеден амбиент, како и слободно движење на припадниците на сите заедници во Косово, преземајќи ги сите потребни мерки за заштита на своите војници, партнерите и населението на Косово”.

Мониторирањето и оценувањето на ситуацијата со епидемијата, се вели во соопштението, се врши во тесна координација со косовските институции и посебно со Министерството за здравство, како и со безбедносните организации и меѓународната заедница.

– Капацитетите на КФОР во вршењето на операциите за придонесување на безбедноста на сите заедници во Косово не се ослабени. Ние остануваме апсолутно посветени да ја заштитиме нашата превентивна и одбранбена сила, а помагаме и во ограничувањето на ширењето на вирусот. Нашите сили остануваат спремни и нашата суштинска работа продолжува, под мандатот добиен од Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации од 1999 година, се вели во изјавата на командантот на КФОР, генералот Риси.

Next Post

Бројот на жртви во Ломбардија ја надмина бројката на цивилни жртви од тој регион во Втората светска војна

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk