Кривичната пријава против мојата маланкост е волшебство на амбициозниот примат. Хипопотамите на вмро не знаат што да прават со себе, па решиле тој талент да го пробаат и врз мене.
Хахаха
Инкриминираниот статус е политичка поезија, ангажирана, се разбира, и јас предлагам, да се емитира во јавниот простор во сета своја ослободителна мисија против просташтвото. Ако против короната моравме да се дистанцираме, во случајот против вмороната, мораме да се обединиме, да се собереме, по кафеани, школи, градинки, стадиони, плоштади, библиотеки, самите со себе, да ги исфрлиме, сите заедно, од узурпираната фотеља на политичката алтернатива.
Тој статус на вмро-дпмне е срамен пораз за сите нас. Не дозволувајте да ве заведуваат со вакви работи. Предлагам да ги погледнеме како што човекот ги гледа бумбарите кои си ги тркалаат своите топчиња говна, како нижи суштества, да ги оставиме да си ги тркалаат, само да ставиме една талпа пред влезот во нашата дупка.
Тоа е.
Благодарам за сета подршка.