ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Стапи на сила Уредбата за задолжителна заштитна опрема, до 30 април опомени, потоа казни

Со уредбата секое физичко лице е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување од домот, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип.

April 23, 2020 13:20
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Стапи во сила уредбата со која е задолжително носењето на заштитна опрема на лицето при излегување од домот. Од Владата информираа дека денеска во Служен весник е објавена уредбата која беше донесена на 45-та владина седница.

Со уредбата секое физичко лице е должно да носи лична заштитна опрема на лицето при излегување од домот, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица како што се државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично.
Под лична заштитна опрема на лицето со уредбата се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично), појаснуваат од Владата.
Заштитна опрема на лицето не се носи ако граѓанинот престојува во двор на семејна куќа, вози велосипед или индивидуално спортува на отворено, се движи на јавни места од отворен тип и има можност да се одржува дозволеното минимално растојание од два метра, како и ако патува во патничко возило со лица со кои заедно живее. Лична заштитна опрема не мора да се носи и во ситуации ако лицето носи посебна заштитна опрема кога извршува работни задачи.
Со уредбата се утврдува и дека сите домашни и странски правни лица се должни да обезбедат носење на лична заштитна опрема на вработените и да забранат влез и движење на посетителите кои нема да носат лична заштитна опрема.
До 30 април во случај на прекршување на одредбите од уредбата ќе се изрекуваат опомени, а потоа ќе се изрекува глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност за секое физичко лице и од 2.000 евра за секое правно лице. На одговорното лице во компанијата или претпријатието, ако постапува спротивно на одредбите од уредбата, ќе му биде изречена глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност.
Надлежни за надзорот се Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат.
Next Post

Од утре се укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk