ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Задолжителнo носење маски, денес излекувани 29 пациенти, нови 41, етапи за априлските пензии по групи…

Преглед на настаните до 15,00 часот.

April 23, 2020 14:09
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ТРИЕСЕТ и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги претпладнево до Собранието поднесoa барање за свикување итна седница.

СТАПИ во сила уредбата со која е задолжително носењето на заштитна опрема на лицето при излегување од домот. Од Владата информираа дека денеска во Служен весник е објавена уредбата која беше донесена на 45-та владина седница.

МИНИСТЕРСТВОТО за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.

ДВЕ фотонапонски централи од по 10 мегавати во сопственост на АД ЕСМ и една од 100 мегавати која ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, ќе го заменат капацитетот на РЕК Осломеј, кој изнесува 120 мегавати инсталирана моќност, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ за европски прашања Бујар Османи на својот Фејсбук објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за Ковид-19 и дека резултатот е негативен.

МИНИСТЕРОТ за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште, која беше донесена на 16 април.

ИНИЦИЈАТИВАТА на пратениците за свикување на седница  во Собранието на Република Северна Македонија е демократски порив. Да се потврдат одлуките на Претседателот на државата и да биде во функција и контрола на извршната власт. Така е тоа во секоја демократија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес коференција.

ПОСЕБНИТЕ мерки против ширењето на корона вирусот го одложија судскиот процес против двајцата штипјани кои во јануари навредуваа и тепаа девојка во влез на станбена зграда.

ЈАВНИТЕ седници и расправи пред Апелациониот суд Скопје, закажани во периодот на времетраење на вонредната состојба се одлагаат, се наведува во соопштението на Судот.

ИСПЛАТАТА на априлските пензии почнува од утре. За да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од корона вирусот КОВИД-19, пензиите ќе бидат исплатени предвреме, а подигнувањето во експозитурите на банките ќе се реализира во четири групи.

На УНИВЕРЗИТЕТОТ во Оксфорд денеска почна тестирање на потенцијалната вакцина против новиот корона вирус на доброволци, а во истовреме повеќе од 80 научни тимови во светот работат на развој на таква вакцина.

КИНЕСКИТЕ власти денеска соопштија дека ќе издвојат дополнителни 30 милиони американски долари за Светската здравствена организација (СЗО), откако САД го суспендираа финансирањето за агенцијата на ОН.

 

Next Post

Димитров за Николовски: Македонскиот народ овој процес ќе го заокружи, со вас или и покрај вас

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk