Градскиот совет на Ливерпул ќе испита како натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу англискиот клуб и Атлетико влијаеше на ширењето на корона вирусот.
„Здравствениот тим на Градскиот совет на Ливерпул, заедно со партнерите од универзитетот во Ливерпул и универзитетот „Џон Мур“, се согласија да го испитаат влијанието на натпреварот врз ширењето на коронавирусот. Обемот на проектот во моментот се оценува“, соопшти претставник на Градскиот совет.
Истрагата ја овласти градоначалникот Џо Андерсон.
Натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите се играше во Ливерпул на 11 март, а го посетија 52 илјади гледачи, меѓу кои и три илјади навивачи од Мадрид, каде во тоа време делумно беше воведен карантинскиот режим.