ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Полска се сомнева во Русија за ширење дезинформации со цел ослабнување на сојузништвото со САД

April 25, 2020 17:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на директорот на полските безбедносни сили Станислав Зарин денеска изјави дека земјата била на мета на „сложена операција на дезинформирање“, со цел да се ослабне сојузништвото помеѓу Полска и САД.

Тој додаде дека операцијата е слична како и претходните руски хакерски напади.

Зарин истакна дека Полска ќе ја продолжи истрагата и оти нема дефинитивен доказ дека Русија стои зад нападот, иако ги има сите карактеристики на претходните хакерски напади од Кремљ.

„Полска долги години е на мета на руската пропаганда. Таквите активностии се повеќе се интензивираат во последно време“, посочи Зарин.

Тој тврди дека хакерите објавиле лажно писмо во име на ректорот на Институтот за проучување на војната (Академија каде се обучуваат полските офицери), во кое се повикуваат полските војници да се спротистават на „американската окупација“.

„Пораката од наводното писмо е засилена со пренесување на порталите, меѓу кои и еден познат по ширење на дезинформации. Содржината на писмото одговара на главните наративи, со кои руската пропаганда константно ги форсира против Полска и САД“, посочи Зарин.

Тој истакна дека полските власти веруваат дека целта на нападот е создавање на информативен хаос, поткопување на моралот на полските војници и поттикнување на антиамерикански чувства.

Официјална Москва се уште не ги коментирала обвинувањата, иако претходно одлучно негираше вмешаност во кампањата за ширење на дезинформации.

Американски војници се распоредени во Полска и други делови на „источното крило“ на НАТО откако Русија во 2014 година го анектира украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источниот дел на Украина.

Next Post

(ВИДЕО)„Ќе мине сè“ - велешка журка во полициски час

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk