ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кривична пријава за „Фудбалски клуб Куманово 1903“

October 19, 2019 11:46
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против Здружение на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ – Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против С.П.(61) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во служба“.

Д.К., претседател во правното лице Здружение на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ – Куманово, во периодот од 01.01.2013 до крајот на 2017 година, по доделување на паркинг простор на локалитет „Чоробенско ќоше“, во центарот на Куманово, од страна на АД за Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, остварените приходи од наплата на паркинг услуги не ги користел за остварување на целите за кои е основано ова здружение и во наведениот период не регистрирал фудбалери, не учествувал во систем на натпревари во државата, не донесувал долгорочни, годишни и месечни програми за реализација на своите дејности утврдени согласно закон, со што постапил спротивно на Статутот на здружението на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ – Куманово.

Во посочениот периодот Д.К. остварил вкупен приход од дневен пазар од наплатени паркинг услуги во износ од 9.572.200 денари, од кои еден дел биле распределени за закупнина, трошоци за струја и плати на вработени, додека останатитот приход од 3.862.221 денари, како непризнаени расходи, го покривал со изготвување на фалсификувани налози за службени патувања, сметкопотврди и фактури за набавена спортска опрема и за репрезентација. Ваквите документи ги доставувал на С.П., која како овластено лице во фирма за сметководствени услуги ги прифатила ваквите невистинити документи, ги прокнижувала и сочинувала лажни финансиски извештаи, кои ги прикажувала преку годишни завршни сметки, со што овозможила на првопријавениот и второпријавеното правно лице да избегнат плаќање на данок на добивка по основ на остварени приходи во вкупен износ од 858.227 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ, како и да се стекнат со противправна имотна корист од 3.862.221 денари.

Next Post

Соломон Паси: По ветото од Макрон, Путин сигурно нарачал чаша шампањ

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk