На Твитер се „шири“ фотографија на која се гледа како Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески во друштво од 9 лица слави нечиј роденден и покрај забраните што постојат за групирање на повеќе од две лица, а кои се превентива за заштита од корона вирусот.
Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и кандидат за пратеник, полицаецот кој шмркаше кокаин јавно во кафеана и активисти ги прекршуваат сите препораки за групно собирање.
Дали откако министер за внатрешни работи е од ВМРО-ДПМНЕ тие демонстираат моќ? Ќе се превземат санкции? Наќе? pic.twitter.com/6ufX31OCL4— Profesorkata Mila (@Nadja_RedGirl) April 27, 2020
Од профилот Mila @Nadja_RedGirl што ја постирал на Твитер, наведува дека на фотографијата со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4, е во друштво на полицаецот кој шмркал кокаин јавно во кафеана.
– Важат ли правилата за забрана за групирање во време на пандемија и за кандидатите за пратеници и моќници од ВМРО-ДПМНЕ, прашуваат на социјалните мрежи.
Зошто министерот Наќе Чулев не презема ништо и зошто се демонстрира моќ откако на позицијата на министер за внатрешни работи е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ се прашањата кои се поставуваат?
Или мерките важат за тие што ќе одлучи министерот, а не како вели уредбата и законот, или и оваа фотографија ќе е нели, сепак пак ланска, се шегуваат на Твитер во очекување на реакцијата од инволвираните.