Откако на Фронтлајн беше објавен твитот во кој е посочено дека кандидатот за пратеник и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, е во друштво од повеќе лица и слави роденден за време на вонредните мерки, со демант се јави Петар Ристески. Демантот што стигна од Рестески ви го пренесуваме во целост:
„Почитувани од порталов,
Правите груба злоупотреба и местенка со моето име и авторитет. Споделувате стара слика без да го искомуницирате човекот кој ја објавил. Ве молам да го објавите демантот, во спротивно ќе морам да поднесам кривична пријава по повеќе основи. Ви благодарам.“