Заменичката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во врска со објавената снимка од Мицковски и полициски службеници во теретана, вели дека ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена.
„Во интерес на вистината информирам дека МВР сè уште не утврди од кога потекнува снимката и затоа никој, па ни Чулев не може да тврди дека истрагата е завршена.“
Заменик министерката Петровска, истакнува дека случајот со Мицковски и теретаната нема да се затвори затоа што некој има наредба по секоја цена да ги заштити Мицковски и Бисовски.
Како што извести Фронтлајн, Мицкоски повторно беше уловен од камери како си оди од теретана. На видео снимка која се врти на социјалните мрежи, се гледа како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во спортска облека со спортска торбица и во придружба на неколку бодигарди напушта Теретана. И покрај тоа што од снимката е очигледно дека неколку лица од присутните носта заштитни хируршки ракавици, Христијан Мицкоски излезе со изјава дека снимката е стара повеќе од 6 месеци.
@MickoskiHM денеска пак у теретана со бодигарди!
Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?! pic.twitter.com/GRpA6nHcn4
— рецепционерот Талат (@TalatOdPrespav) April 25, 2020
„Бидејќи МВР сè уште нема утврдено на кој датум е направена снимката, истрагата за потенцијално неодговорното и несовесно однесување на лица кои во време на пандемија ги кршат мерките сеуште не е завршена.“, додава Петровска.
Петровска потенцира дека прикривање на кривично дело е Кривично дело и нагласува дека обидите МВР да се претвори во МВРО-ВМРО ќе бидат неуспешни.
Одговорност мора да има за секој кој неодговорно се однесува, без оглед на неговата позиција во општеството, напиша заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска на Фејсбук.
Ј. Ѓ.