ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Депозитите сигурни, граѓаните имаат доверба и не се очекува повлекување на парите

Граѓаните во банките чуваат 4,5 милијарди евра. Депозитите се безбедни и сигурни, порачуваат од Фондот за осигурување депозити и оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалување на каматните стапки

October 20, 2019 10:28
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните во банките чуваат 4,5 милијарди евра. Депозитите се безбедни и сигурни, порачуваат од Фондот за осигурување депозити и оценуваат дека граѓаните имаат доверба и ги чуваат парите во банките и покрај намалување на каматните стапки. Доколку почне оданочување на каматите на депозитите, од Фондот не сметаат дека тоа би влијаело на повлекување на парите од банките, пренесува МИА.

– Граѓаните имаат доверба во нашата институција, бидејќи од нејзиното формирање во 1997 година до денес секогаш навремено и во согласност со законските прописи биле обесштетени во случај на настанување ризичен настан, т. е. затворање на банка или штедилница. Довербата што граѓаните ја имаат во Фондот може да се види и преку постојаниот раст на депозитите на населението. Имено, граѓаните и покрај намалувањето на каматните стапки на штедењето се одлучуваат своите пари да ги чуваат во банките или штедилниците, каде што се безбедни и сигурни бидејќи се осигуруваат преку ФОД. Оттука, сметаме дека предложеното оданочување на каматите на депозитите нема воопшто да влијае врз повлекување на депозитите од банките, бидејќи тоа би значело и губење на нивната сигурност и приход врз основа на камата, истакнуваат за МИА од Фондот за осигурување на депозитите.

Оценуваат дека банкарскиот систем во земјава е стабилен, а депозитите на граѓаните редовно и без никакви проблеми се осигуруваат во Фондот за осигурување на депозитите во согласност со месечните пресметки на премиите за осигурување.

– Фондот за осигурување на депозитите постои заради осигурување на депозитите во денари и девизни средства, вклучувајќи ја и каматата на физичките лица кои се чуваат во банките, филијалите на странски банки и штедилниците во Република Северна Македонија. Во согласност со Законот за ФОД, секој депонент има право на обесштетување на износ до 30.000 евра во денарска противвредност по банка, филијала на странска банка или штедилница, објаснуваат од Фондот.

Според нивните податоци, депозитите на населението во септември годинава изнесуваат 273,9 милијарди денари или 4,5 милијарди евра и бележат раст од 8,8 отсто во однос на септември минатата година.

Повеќе од половина или 51,8 отсто се во денари, 48,2 отсто се девизни депозити. По видување се 51,1 отсто, а орочени депозити се 58,9 отсто.

Оданочувањето на каматите треба да почне од јануари следната година. Законското решение предвидува да се оданочуваат со 15 отсто доколку сумата надмине 15 илјади денари.  Банкарите бараат тоа да се одложи и да се применува кога ќе влеземе во ЕУ, бидејќи сметаат оти може да се случи граѓаните да почнат да ги повлекуваат парите од банките, додека најавите од министерката за финансии Нина Ангеловска беа дека се разгледува можноста и оти има волја.

 

Next Post

Конференција за демографските промени во Југоисточна Европа

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk