ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Конференција за демографските промени во Југоисточна Европа

Конференција за одговор на демографските промени што се случуваат во Југоисточна Европа, преку зајакнување на човечкиот капитал, родовата еднаквост и човековите права, ќе се одржи утре и задутре во Сараево, Босна и Херцеговина.

October 20, 2019 10:46
in ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Конференција за одговор на демографските промени што се случуваат во Југоисточна Европа, преку зајакнување на човечкиот капитал, родовата еднаквост и човековите права, ќе се одржи утре и задутре во Сараево, Босна и Херцеговина, известува МИА.

Регионалната конференција на тема „Динамика на населението, човечки капитал и одржлив развој во Југоисточна Европа” ја организира Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, во соработка со Министерството за надворешни работи на БиХ, Советот за регионална соработка (RCC) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE).

Настанот се одржува со поддршка на канцелариите на постојаните координатори на ООН во државава, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Србија, како и на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Високиот комесар за бегалци.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на владите од регионот, на Обединетите нации, академци, претставници на граѓански организации, како и на меѓународни мултилатерални институции во Југоисточна Европа.

Ќе се дискутира за демографските трендови, како што е ниската стапка на фертилитет, стареење на населението и миграцијата и како може овие предизвици да се претворат во можности преку инвестирање во човечки капитал, проширување на родовата еднаквост и почитување на правата на сите луѓе, вклучувајќи ги и оние што се на маргините на општеството.

Преку дискусиите ќе се обезбедат препораки за преземање активности од страна на државите од регионот со цел да се развијат политики засновани на докази и човекови права, како и за зајакнување на регионалната соработка во врска со динамиката на населението и развојот на човечкиот капитал, најавуваат од УНФПА кои оваа година одбележуваат 50-годишнина и 25-годишнина од Меѓународната конференција за население и развој

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

June 4, 2025
Мира Мурати. Фото: Скриншот

Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

June 4, 2025

Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk