Денес се рашири веста за скандалозното постапување на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев преку примерот за класична злоупотреба на државна институција со инволвирање на полициски службеници во обид да се спречи хуманитарна акција, само затоа што е приватна иницијатива на семејството Заеви.
Лидерот на СДСМ побара од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците.
Имено, до доцна во ноќта, полициски службеници држеле во полициска станица волонтери кои помагале во дистрибуција на донации како солидарност за оние на кои им е потребна помош.
Заев во статусот на Фејсбук јавно ја посочи потребата на Наќе Чулев и Христијан Мицкоски да спречат хумана акција за помош на струмичани.
Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани.
Очекувам од надлежните институции да спроведат истрага и да ги посочат виновниците.
ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација.
Држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му смета солидарноста. Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност.
Македонската и струмичката солидарност е голема и ништо нема да ја спречи, најмалку неспособната, режимска ВМРО-ДПМНЕ, напиша Заев во статус на Фејсбук.
А. Н. С