ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Тетово за Прилеп: Семејство Дестани донираше 100 таблети за прилепските ученици

Целта на донацијата е да го ублажи предизвикот на многу ученици, кои заради пандемијата мораат онлајн да ја следат наставата, но поради недостиг на соодветна дигитална опрема, не се во можност тоа да го направат.

April 30, 2020 16:01
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Општина Прилеп пристигна донацијата од 100 таблет компјутери, коj тетовското семејство Дестани преку компанијата „Еколог“, ги донира за учениците од социјално загрозените семејства.

Целта на донацијата е да го ублажи предизвикот на многу ученици, кои заради пандемијата мораат онлајн да ја следат наставата, но поради недостиг на соодветна дигитална опрема, не се во можност тоа да го направат.

Во врска со оваа иницијатива, донаторот и филантроп Лазим Дестани вели: „Оваа донација е наменета за учениците кои заради недостаток на дигитални уреди, останаа надвор од образовниот процес. Една од најважните работи што заеднички можеме да ја направиме за време на кризата со Ковид-19, е да се
осигураме дека иднината на оваа земја, децата, ќе ја продолжат наставата без пречки“.

Заблагодарувајќи му се на донаторот, градоначалникот Илија Јованоски рече дека станува збор за исклучително вредна донација, која ќе има големо значење за учениците од социјално ранливите категории.

„Сакам да го потенцирам значењето на оваа донација, која благодарејќи му на тетовското семејство Дестани ќе предизвика радост кај 100 ученици од општина Прилеп. Со помош на донираните таблети, учениците ќе можат непречено да ја следат онлајн наставата, која заради неможноста да набават дигитална опрема, на еден начин ги остави надвор од образовниот процес. Од тој аспект, иницијативата и хуманоста на семејството Дестани добива на уште поголема важност“, истакна градоначалникот Јованоски.

Next Post

Јанушев спинува, Уставот дозволува свикување на Собранието

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk