ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

12: Паралелно со пандемијата од Ковид-19 имаме и пандемија од лажни вести, слободата на медиумите е слободата на говорот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од избори

Преглед на вести на пладне

May 3, 2020 11:03
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Паралелно со пандемијата на вирусот ни се случува и пандемија од лажни вести, затоа во овие вонредни околности од круцијално значење е нивната професионалност и објективност, пишува претседателот Стево Пендаровски во честитката за Денот на слободата на медиумите.

Слобода на медиумите – на десно поравнај се! коментира Јане Ѓорѓиоски. Слободата на медиумите е слободата на говорот. Таа е онолку слободна колку што сам ќе си ја зграпчиш слобода. Таа никој не ти ја дава, но сите центри на моќ – политичка, економска, посебно и медиумската моќ која ретко е во рацете на новинарите, сакаат да ти ја земат и скратат.

Клеменс Која за МИА: Жените, децата, лицата со попреченост, маргинализираните и раселените најпогодени од коронарестрикциите.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од избори, им пропаднаа сите срамни обиди државата да не успее. За време за здравствената и економска криза, граѓаните прават јасна разлика помеѓу одговорно и неодговорно однесување, велат од СДСМ.

Пејачката Александра Јанева за време на карантинските денови заедно со 25 млади музички таленти направи нова верзија на синглот  „Еве ме пак“.

Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека лекарите се подготвувале да прогласат негова смрт кога му се влошила состојбата додека минатиот месец на интензивна нега се бореше против коронавирусот.

Во Косово вчера се потврдени десет нови случаи на заболени од Ковид-19, со што продолжи позитивниот неколкудневен тренд на помалку заболени одошто излекувани од Ковид-19.

Самоубиство поради коронавирусот и поплаки од челенови на семејството во првиот месец од пандемијата. Еден случај од самоубиствата кој е регистриран во Штип е поврзан со Ковид-19. Лицето како причина за самоубиството во последната  порака ја посочило расправијата со сопругата околу коронавирусот. Во истиот период регистрирани се  и девет обиди за самоубиство за кои досега не е утврдено дека се поврзани со вирусот.

Во моментов во земјава се активни 572 случаи на заболени лица со корона вирус. Досега се излекуваа 852, а починаа 82 лица. Од извршени 16.997 беа потврдени 1.506 позитивни случаи на Ковид-19. Во шест градови, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со коронавирус.

 

 

 

 

Next Post

Филипче до медиумите: Огромна благодарност за вашиот влог во справувањето со Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk