ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Слобода на медиумите – на десно поравнај се!

May 3, 2020 10:35
in ESPRESSO, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Слободата на медиумите е слободата на говорот. Таа е онолку слободна колку што сам ќе си ја зграпчиш слобода. Таа никој не ти ја дава, но сите центри на моќ – политичка, економска, посебно и медиумската моќ која ретко е во рацете на новинарите, сакаат да ти ја земат и скратат. Тоа е еден процес во кој победникот е оној кој на крај слободно ќе говори. Сакав слободно да ви говорам за Стокхолмскиот синдром во медиумите и за солидарноста на новинарите и здруженијата. Но, ќе го искористам Денот на слободата на медиумите за да се „заблагодарам“ не од името на редакцијата, ами од мое лично име за тоа како ја доживеав слободата на говорот, а воедно и слободата на медиумот во кој сум во редакција во  изминативе повеќе од половина година.

Ја користам оваа прилика за Денот на слободата на медиумите, да се „заблагодарам“ за „солидарноста“ на сите што застанаа до сега во одбрана на Првата линија на фронтот, кога ние како медиум и поединци од редакцијата бевме и сме рафално напаѓани, омаловажувани и клеветени со интриги од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзоци, затоа што секојдневно како медиум ги прашуваме, а одговори од нив не добиваме.

Благодарен сум на „поддршката“ од сите колеги и здруженија што застанаа во наша одбрана кога Фронтлајн беше атакуван од страна на ни помалку ни повеќе туку актуелен генерал (аѓутант на бившиот претседател Ѓорѓе Иванов) од македонската армија.

Сакам да ја искористам и оваа прилика да се „заблагодарам“ за поддршката што ни ја даваат колегите и новинарските здрженија кога Фронтлајн беше нападнат со клевети и на јавна сцена омаловажуван ни помалку ни повеќе туку од директорот (чиј мандат патем е поминат) на ААВМУ – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски, само зашто се дрзна Фронтлајн да објави дека Зоран Трајчески се шетал во Барселона, а откако се вратил не бил во самоизолација како што му било наложено.

За клеветите против Фронтлајн, од дебело нафатираната со црни пари режимска будимпештанска испостава скриена како национална телевизија каде Фронтлајн не го вадат од агенда откако е почнат, ич не сакам да ви кажувам, и за таа солидарност со нашиот медиум многу сум благодарен од колегите слободарски новинари и здруженија.

Огромна благодарност за поддршката на медиумските работници и здруженија за нашите колеги колумнисти во Фронтлајн, чија слобода на говор беше осудена за непристојна кога овие се борат да раскринкаат режимско дувло на клеветници и злосторници

И на крај, „најискрено“ од мое лично име им благодарам на сите медиумски работници, мои долгогодишни соборци, другари новинари и медиумски здруженија што „храбро застанаа“ позади мојата слобода на говор и дигнитет и го актуелизираа моментот кога како блогер коментатор присутен на социјалните медиуми 15 години, бев од една новинарска гротеска што до скоро го сметаа за сериозен новинар, бев украсен со епитети како гомнар, а моите пријатели како стока и не знам што ли не само зашто го потсетив дали се сеќава и на каде забегал. И за тоа тапшањето тогаш во приватни пораки наместо давањето јавна поддршка многу сум ви „благодарен“. Тенк ју, анд фак ју.

Нека е честит Светскиот ден на слободата на медиумите анд кип он гоинг со солидарноста, „ДРУГАРИ“ медиумски работници!

На оние што „не застанаа“ позади поддршката не им се заблагодарувам.

 

 

Next Post

12: Паралелно со пандемијата од Ковид-19 имаме и пандемија од лажни вести, слободата на медиумите е слободата на говорот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од избори

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk