БРАНКО ТРИЧКОВСКИ, новинар и колумнист, за Цивил медиа.
Медиумската слобода е апсолутна! Што значи дека ја нема.
Разбиен е системот на посредувани значења во кој одговорноста се формираше во однос на општото добро, со сите ограничувања и инструментализации на класичниот свет на модерноста и сега имаме атомизирана структура на апсолутната слобода и неодговорност односно на фактичкото ропство кое на човекот му е понудено преку илузијата дека е слободен во социјалните мрежи и во респектот кон бизнисот кој се потпира на симулации, симулакруми, интерпретации и врски, односно на корупции, измами и на неписменост на новинарите и на општата јавност.