Заев: Првиот момент кога треба да се оди на избори, треба да го прифатиме. „Како одговорни политичари треба да заземеме ставови со аргументи. И ние сакаме порано зошто никогаш не знаме дали ќе има нареден бран на вирусот. Дај боже да нема, но што ако сепак се случи? А во декември истекуваат четиригодишните мандатите тогаш ќе имаме уште поголема криза.“ – рече Заев.
Започна постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк и за Осоговски Планини за заштитено подрачје од 5-та категорија.
Владата ќе му предложи на Уставен да ја укине времената мерка за платите на вработените во СЈО.
Владата ја констатираше оставката на Дончев.
Донесени Уредбите за основно, средно и високо образование
СЗО: Испитајте ги вашите најрани случаи на заразени од Ковид -19. Светската здравствена организација (СЗО) ги коментираше наодите на француските научници дека првиот случај на коронавирус во таа земја бил забележан во декември, дури еден месец пред првиот официјален случај. СЗО ги повика сите држави да ги испитаат своите најрани случаи на корона вирус. Болеста, подоцна наречена ковид-19, за прв пат била пријавена од страна на кинеските власти во СЗО на 31 декември и засега се сметаше дека не се проширила во Европа пред јануари.
Европскиот суд за човекови права ја отфрли жалбата на сириските бегалци на кои Белгија не им дала хуманитарна виза. Ова е прв ваков случај разгледан од Големиот совет, највисоко ниво на ЕСЧП, кој многу ретко донесува решенија за недопуштеност, како во конкретниот случај. Апликанти се неколку сириски бегалци и нивните две деца, по потекло од Алепо, на кои им биле одбиени хуманитарни визи за краток престој, а биле пријавени во белгиската амбасада во Бејрут. Потоа се надеваа дека ќе можат да аплицираат за азил во Белгија.
И.Т.Зафировска














