ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Обезбедивме 90 респиратори, МЗ процени дека се доволни и за евентуален втор пик

Обезбедивме вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов. Од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ

May 6, 2020 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедивме вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов. Од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ. Ова на прес-конференција го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со Ковид-19 пандемијата.

– Мислам дека тоа е доволен број за  каков било иден предизвик и за втор пик или пак за наредниот период. Врз основа на овие податоци Министерството за здравство констатираше дека нема потреба дополнително да набави, затоа што овие обезбедени респиратори ги задоволуваат потребите на здравствениот систем во државата да се справи со овој тек на пандемијата, изјави Османи.

Рече дека од досега веќе споменатите четири милиони евра од ЕУ кои беа доделени за набавка на медицински материјали, вчера пристигнаа десетици илјади N95 маски и стотици илјади хируршки маски кои, како што истакна, беа распределени на здравствените установи.

– Педесет милиони евра веќе се распределија, односно се програмираа, со тоа што 30 милиони ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија, десет милиони за помош на неформалната економија, пет милиони ќе бидат задржани за поддршка на процесот на преговори, затоа што во меѓувреме се активираше овој процес. Во рамки на микрофинансиската поддршка, добивме мек заем од ЕУ од 160 милиони евра за да се задржи економската стабилност и ликвидност, истакна Османи.

Потсети дека САД, покрај првичните 1,1 милиони американкски долари го зголемија износот со 330.000 долари како поддршка на активностите на Црвениот крст.

– Од земјите кои не се членки на ЕУ ќе ја издвојам Норвешка која продолжува со помагање, Чешка со еден милион маски, а денеска стигна и ново писмо од чешката Амбасада доколку има друга потреба за помош, а морам да ги споменам и Унгарија, Кина, Турција, Словенија кои помогнаа но се разбира и од меѓународите организации – Светската банка обезбеди сто милиони долари заем за поддршка на здравствениот систем и за справување на социо-економските последици, рече тој.

Истакна дека слични се и условите и за заемот од ММФ, за поддршка на здравствените потреби, макроекономската стабилност со 160 милиони евра. – Ако на ова ги додадеме и 160 милиони евра од ЕУ, вкупниот заем од овие институции изнесува над 400 милиони евра, додаде Османи.

Next Post

Дескоска: Уредбите може да имаат правно дејство и по завршувањето на вонредната состојба

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk