ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Макрон, Саркози и Оланд сами под Триумфална за годишнината на победата над фашизмот

May 8, 2020 11:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Комеморацијата за одбележување на 75-годишнината од победата над фашизмот во Париз се одржа во ограничен формат, без публика, само во присуство на главните политички и воени лидери, пораади кризата со коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Годината кога се одбележува 75-годишнината од победата над нацизмот, за првпат традиционалната церемонија под „Триумфалната порта“ се одвиваше без традиционалното искачување на Елисејските полиња и преглед на трупите.

Покрај актуелниот шеф на државата, Емануел Макрон, беа присутни и неговите претходници Никола Саркози и Франсоа Оланд, претседателите на двата собранија Жерард Лархер и Ричард Феран, премиерот Едуард Филип, министерот за војските Флоранс Парли и државниот секретар Женевиев Дариосиек , како и градоначалничката на Париз Ан Хидалго.

Армиите беа претставени од нивните највисоки офицери, меѓу кои и началникот на штабот Франсоа Лекоинтр.

Церемонијата траеше 45 минути. Најпрво беше положен венец  пред статуата на генералот де Гол на Елисејските полиња. По што следуваше свечената церемонија под Триумфалната порта, со полагање венец и распалување на пламенот на гробот на Незнаениот војник.

На Ајфеловата кула беше поставено тробојното француско знаме „за да им се оддаде почит на борците и припадниците на отпорот од Втората светска војна и за да се слави мирот“. Знамето ќе остане таму до 15 мај. Оваа инсталација е направена „на барање на Претседателот на Републиката“, кој ја препрати на својот твитер профил фотографијата на развиеното знаме на првиот кат на Ајефловата кула.

Next Post

Костадинов: Чулев свесно го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните, да поднесе оставка

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk