ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Чулев свесно го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните, да поднесе оставка

May 8, 2020 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната прес конференција истакна дека  неодговорниот Наќе Чулев или во јавноста попознат како Наќе Отсјај со својата неспособност го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните и мора да поднесе оставка. Костадинов го нагласи вчерашниот собир каде стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ  улиците на Струга, а полицијата беше присутна на настанот и воопшто не реагираше.

„Вчера, јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга.

Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ  улиците на Струга, а полицијата беше присутна на настанот и воопшто не реагираше.

Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загрозувањето на здравјето на граѓаните.

Истовремено, во Скопје, злоупотребувајќи го Денот на полицијата, Наќе Чулев организираше јавен собир, без почитување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.

На истиот настан  почитувани граѓани , на објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои со закана за физичка сила се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа.

На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и димна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност , секако и  нивното здравје.

Дали ваквото однесување на  Наќе Чулев или во јавноста попознат како Наќе Отсјај е последица на нарачките од неговиот шеф Христијан Мицкоски?

Дали Наќе Отсјај се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните?

Дали Мицкоски му одобри напад врз новинар, дали му одобри фрлање  димна бомба во публика?

Дали Мицкоски го натера Наќе Отсјај да организира настан среде пандемија без мерки за заштита? Дали Мицкоски му кажа да не постапува  на настанот во Струга?

Почитувани,

Во досегашното работење Наќе Отсјај покажа дека единственото нешто што го знае е да го брани неговиот шеф Христијан  Мицкоски.

Наќе Отсјај ја заташка истрагата за посетата на Мицкоски на теретана во време на пандемија. Наќе Отсјај не поведе истрага за масовно групирање на навивачи организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Но за да ја дефокусира јавноста, Наќе Отсјај преку свои структури изврши и скандалозен упад во здружение каде се пакува хуманитарна помош и при тоа се малтретираа млади луѓе,  волонтери.

На вакво скандалозно однесување и вакви катастрофални постапки против граѓаните, против нивното здравје и безбедност, има само еден логичен чекор: оставка од страна на  Наќе Чулев.“, истакна на пресот Костадинов.

Next Post

Влада: Настанот во Струга и прославата за Денот на полицијата се закана за здравјето на сите граѓани, институциите итно да ги лоцираат и казнат одговорните

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk