ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

А војна да имаме?

May 9, 2020 10:13
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На 9 мај 2015 година, Денот на Европа, започна дводневната „мала војна“ во кумановско Диво Насеље. Пет години подоцна, сеќавањата и траумите од трагичните последици остануваат. Случајот останува нерасветлен.

Пред две години, кога со тимот од ЦИВИЛ бевме во Куманово да го одбележиме настанот, градоначалникот Максим Димитриевски, во својот говор ја повика државата да му даде одговор на неговиот град за тоа што, всушност, се случи на тој ден. Тој побара одговор за тоа „кој беше сценаристот, а кој режисерот на кумановските настани“. Максим тогаш потсети и дека никој што во тоа време ја имал командната одговорност на полициските сили кои претрпеа огромни губитоци, не поднел оставка, ниту одговорност.

Не само што немаше одговорност, режимот на Груевски дури и делеше парични награди на своите полициски послушници, а неговите функционери лееја крокодилски солзи наоколу, пред камерите. Јанкуловска се обиде да присуствува на погребот на еден од загинатите полицајци во акцијата, но беше набркана.

Два лика ми се врежани во сеќавањето од тие трагични 48 часа кои ги завија во црно семејствата на загинатите. Едниот е Максим, тогаш претседател на Советот на општината и Авди Авдиу, граѓанин на Куманово. Ја помнам неговата изјава пред камерата на режимската телевизија Канал 5, кога го впери прстот кон тогашната власт, дека таа е организатор на „малата војна“. Режијата во студиото на Канал 5 тогаш ја прекина изјавата на Максим.

Авди, пред повеќе камери, одржа краток емотивен говор во кој кажа дека не се работи за судир меѓу Македонците и Албанците, дека ги почитува своите сограѓанки и сограѓани. Тогаш, среде пукотниците недалеку од таму, неговиот сограѓанин, Македонец, му пријде и го гушна. Незаборавна глетка.

Тоа беа денови кога режимот на Груевски и Фамилијата правеа очајнички обиди да го сузбијат граѓанскиот револт. Револуцијата татнеше. „Доаѓаме!“ – се извикуваше и се пишуваше на ѕидовите, на социјалните мрежи и слободните интернет портали (повеќето големи медиуми беа под контрола). На 9 мај 2015 година се случи нешто што многу потсети на злокобниот разговор меѓу тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и режимскиот агитпроп шеф, Мартин Протуѓер:

Мартин Протуѓер: А војна да имаме?
Гордана Јанкуловска: А бе, ние, ако е за да покажеме кој е посилен, за еден саат ќе ги смачкаме.
Мартин Протуѓер: Мхм.
Гордана Јанкуловска: Ама работата е да не покажуваме мускули сега.

Каква иронија! Режимот на Груевски инвестираше стотици милиони евра, пари на граѓанките и граѓаните, во национализам и верска нетрпеливост, во омраза, поделби и насилство, но го постигна токму спротивниот ефект. Револтот и стремежот за слобода и демократија ги спои сите граѓанки и граѓани, без оглед на етничката припадност. Навистина, последиците од таа деструктивна „инвестиција“ силно се чувствуваат и сега, но победија европските вредности. И допрва треба да победуваат.

Тие тешки часови, на самиот Ден на Европа, во 2015 година, беа денови и на граѓанска сплотеност. Гордана Јанкуловска се криеше од јавноста цели 20 часа. Иванов беше на парада во Москва. Не се сеќавам каде беше Груевски, но и него го немаше… По двата разорни дена, Заев отиде во Куманово и им даде поддршка на сите, без оглед на етничката припадност. Без калкулации, без страв од реакцијата на режимските медиуми.

Трагедијата во Диво Насеље беше уште еден крвав аларм дека режимот мора да падне. „Малата војна“ беше организирана на само една недела пред големиот стоилјаден граѓански протест на 17 мај 2015 година. Бројните протести кои следеа, вклучувајќи ја и Шарената револуција во 2016 година, покажаа дека македонското општество е како европското – разнолико.

Токму во тоа е европската – а со тоа и македонската – сила, издржливост и убавина. Обратното од тоа носи само сиромаштија, страдање и смрт.

 

ПС. Овој текст е напишан по повод Денот на Европа и е подарок за сите граѓанки и граѓани на Европа. 

 


Преземањето на оваа содржина е возможно според условите на лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: Гордана ЈанкуловскаДен на ЕвропаДиво НасељеКумановоМартин ПротуѓерНикола Груевскирежим
Next Post

СДСМ: Мицкоски фатен жив во сопствените лаги, Кичеец е негов извршител и соработник

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk