Откако ја објавивме статијата за недостатокот на информации поврзани со Народните кујни во нашата држава, денес пристигна одговор од Министерството за труд и социјална политика на нашето барање за оваа информација од јавен карактер.
Одговорот кој го добивме содржи информација за бројот на народни кујни и општините во кои тие се распоредени, како и бројот на лица кои ги користат услугите на истите.
Во документот е наведено дека: „На територијата на Република Северна Македонија има отворено народни кујни во 49 општини и тоа во урбани и рурални средини односно 61 пункт, како и дека вкупниот број на корисници на услугата во народната кујна изнесува 3119 лица.“
Табелата содржи само информации за Центрите за социјална работа, односно во кои општини тие се наоѓаат и колку корисници опслужува секој од тие центри.
Иако во табелата е наведен бројот на корисници на секоја од општините, сепак во оваа порака не се наведени информации каде точно се наоѓаат овие народни кујни, како се доаѓа до нив, кое е нивното работно време, како и многу други прашања кои и понатаму остануваат неодговорени.
И. Ежова