Светската здравствена организација соопшти дека се фокусираат на понатамошно истражување на 4 до 5 од вакцините кои ветуваат добри резултати по некои од пробните третмани досега, се вели во текст на Алџезеира.
Маргарет Харис, портпаролка на СЗО, на новинарски брифинг рече „некои од третманите кои се дел од тестирањето наречено Солидарност, се во многу рана фаза, видливо е намалување на интензитетот на болеста, но сѐ уште немаме лек кој ќе го убива вирусот.“
Имаме потенцијално позитивни сознанија, но ни требаат повеќе информации за да бидеме 100% сигурни пред да одбереме еден третман од сите, вели Харис, укажувајќи на потребата за дополнително истражување.
Портпаролката не откри име на ниедно од тестирања, иако Gilead Science Inc вели дека нивниот лек Ремдесивир помогнал во доста случаи на заразени со Ковид-19.
А. Н. С.