Два-три збора за „Џокер“. Да не ја ширам многу.
Одамна не сум гледала толку позитивен и мотивирачки филм, духовит, фраерски. Моментот кога трагедијата ти станува смешна. Те удира силно, па таман ќе се насмееш, те удира уште посилно и после пак се смееш.
Малку на криво ме гледаа тие во публика што се смеев на многу моменти, а тие што ме познаваат, знаат дека не се смеам баш тивко, ама што е битно, си разбираш сам во глава и земаш точно тоа што ти треба во моментот. Позитивен Џокер. Си излегуваш од кино и голем си, и ништо не ти е битно. Баш ништо, што си јадел, што си пиел, кај си спиел, кај ќе одиш, испран ли си… ништо!
И си викаш – да му ебам матер, кај живеам и добиваш нагон Џокер да станеш, но, џабе, никој нема да те сфати 😉 или можеби и ќе те сфати… не се знае.
П.С. Завршува филмот и ја гасат одјавната шпица на пола. И си викаш, добро бе зошто не ми даваш да уживам до крај, што ми гасиш одјавна шпица на пола.
И ти доаѓа во Џокер да се претвориш, да станеш и да кажеш – Враќај се назад, враќај ја цела публика назад. Пушти го филмот од почеток! Пушти ја одјавната шпица до крај! Никој нема да излезе од сала дури не го чуеме послесниот звук и слика од филмот сосе одјавна шпица!
Замисли, полудуваш и „шпицата” ти станува најбитна во живот, како живот!
Режисерката Теа Беговска, на својот Фејсбук профил, во „два-три збора“ за „Џокер“.